Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Специјализациите во медицината од шест се скратуваат на пет години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Специјализациите во медицината од шест се скратуваат на пет години
МАКЕДОНИЈА

Специјализациите во медицината од шест се скратуваат на пет години

Објавено April 16, 2026 16:29
Сподели
Сподели

Од новата академска година се менуваат специјализациите по интерна медицина и по општа хирургија на медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип. Целта е да се создадат лекари со пошироки знаења и повеќе практични вештини, особено за итни состојби. Министерот за здравство, Азир Алиу, вели дека досегашниот систем создавал премногу тесно специјализирани кадри, кои потешко се снаоѓаат во практиката.

„Воведуваме засилена практична обука, особено во ургентната медицина и во интензивната нега. Целта е да создадеме интернист кој може самостојно да управува со комплексни и итни состојби“, изјави Алиу.

Со реформата, идните интернисти ќе учат и користење ултразвук како стандардна алатка, кој ќе обезбеди сликање во реално време за носење итни одлуки, а ќе има и јасно утврдени практични вештини што мора да ги совладаат. Промени има и кај хирургијата – специјализацијата наместо шест ќе трае пет години. Според Алиу, идејата е да се создаде „флексибилен и функционален хирург“, кој ќе може да одговори на реалните потреби на болниците, особено во внатрешноста.

– Ова, освен што е образовна реформа, истовремено е и системска промена, која ќе донесе подобра достапност до квалитетна здравствена услуга, поефикасно користење на ресурсите и зајакнување на секундарното здравство, покомплетен, пофлексибилен и системски усогласен медицински кадар како одговор на реалните потреби на здравствениот систем и на пациентите, како и кадар кој не само што има знаење туку има и практична подготвеност да реагира онаму каде што е најпотребно, додаде Алиу.

Деканот на Медицинскиот факултет, проф. д-р Светозар Антовиќ, објасни дека суштината е лекарите прво да добијат широка основа, па потоа да се доусовршуваат. „Да добијат звање општ хирург или општ интернист, а не веднаш да одат во тесни гранки. Тоа ќе овозможи многу подобра здравствена заштита на целата територија на државата“, рече Антовиќ.

Според претседателката на Лекарската комора, д-р Калина Гривчева-Старделова, ваквите промени се неопходни и за да се задржат лекарите во земјава. „Лекарот ќе го задржите ако му дадете работа и квалитетно образование. Интерната медицина и општата хирургија се основа и мора да ја има секој лекар“, истакна таа. Таа посочи дека сегашниот систем им создава проблеми на лекарите, особено во помалите градови, каде што често треба да лекуваат пациенти од различни области, но се ограничени со тесната специјализација.

„Нашите колеги во внатрешноста можат да преземат дел од пациентите, но треба да имаат пошироки овластувања и знаења“, додаде Гривчева-Старделова.

Според податоците што ги изнесе, околу 70 проценти од пациентите се лекуваат во клиничките центри, што покажува дека системот е преоптоварен и недоволно функционален на локално ниво. Со новите правила, студентите до трета година ќе можат да се префрлат на новата програма, додека останатите ќе продолжат по старата. За веќе специјализираните лекари ќе има дополнителни обуки за усогласување. Реформата треба да помине владина процедура, а ќе почне да се применува од оваа година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се зголеми бројот на убиени во масакрот во училиште во Турција
Следна Статија Ниту еден сведок не дојде на денешното рочиште за трагедијата во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Македонија е свесна за демографските проблеми со кои се соочува и нема проблем да го признае тоа, рече Премиерот Мицкоски…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Преку Табановце ќе одиме со едно застанување

Поедноставување на граничното преминување, поефикасно и побрзо преминување на границите се овозможува преку „One stop control“ на граничниот премин Табановце…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Законот за правична застапеност најдоцна до 24 јуни ќе помине на Влада

Законот за правична застапеност е готов и најдоцна до 24 јуни ќе помине на Влада, потоа ќе биде испратен до…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

АХВ: Граѓаните од поплавените региони да внимаваат со храната и водата за пиење

Агенцијата за храна и ветеринарство издаде препораки и упати апел до населението во регионите каде има поплавување да води сметка…

November 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?