Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маѓар: Унгарија, засега, не може без руската нафта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Маѓар: Унгарија, засега, не може без руската нафта
СВЕТ

Маѓар: Унгарија, засега, не може без руската нафта

Објавено April 16, 2026 16:56
Сподели
Сподели

Петер Maџар, лидерот на партијата Тиса, која победи на изборите во Унгарија, изјави дека земјата не може да си дозволи да се откаже од руската нафта во моментов. Тој објасни дека рускиот енергенс е критичен извор на гориво за земјата.

Ова се однесува на снабдувањето преку нафтоводот „Дружба“, кој носи нафта од Русија до неколку источноевропски земји, вклучувајќи ја и Унгарија. Снабдувањето преку оваа рута во моментов е суспендирано, а официјална Будимпешта очекува Украина да го обнови транзитот до крајот на април.

СО ваквиот став, Маѓар ја продолжува исклучително прагматичната унгарска позиција: Унгарија се наоѓа во централна Европа, нема пристап до море и има ограничени алтернативни патишта за снабдување. Затоа, брзата замена на руската нафта е физички невозможна.

Поради затворањето на нафтоводот „Дружба“, земјата беше принудена да користи дел од своите стратешки резерви на нафта, а тие се намалија за приближно 20% во текот на изминатиот месец. Официјална Будимпешта се надева дека нафтоводот ќе продолжи со работа во наредните недели, затоа што во спротивно ќе биде тешко да се обноват резервите.

Затоа, веројатниот нов унгарски премиер, веднаш по изборната победа, призна дека ќе мора да преговара со Русија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од јуни нова железничка линија ќе ги поврзе Прилеп, Битола и Жабени – повратна карта ќе чини 150 денари
Следна Статија Постигнато примирје: Израел и Либан со 10-дневен прекин на огнот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

„Сан“: Во Обединетото Кралство секој ден во просек по пет Албанци се осудуваат на казна затвор

Во истражувачка сторија на британски „Сан“ (The Sun) се наведува дека во Обединетото Кралство просечно по пет албански државјани дневно…

April 5, 2026
СВЕТ

Се наоѓаме најблиску досега до крај на војната во Украина, тврди американски дипломат

Во моментов сме најблиску досега до ставање крај на војната во Украина и прекин на борбите, посочува американски дипломат, нагласувајќи…

May 14, 2025
СВЕТ

Молдавски олигарх е уапсен во Атина: Има најмалку 4 пасоши и бројни вили

Апсењето е извршено благодарение на информациите добиени од грчкиот Интерпол, објави порталот Mezha.net. Тој бил придружуван од Константин Цуцу, поранешен молдавски пратеник…

July 22, 2025
СВЕТ

ТРАМП ИЗБРА БОГАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Сите милијардери на претседателот милијардер тежат повеќе од БДП на 169 земји

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп е меѓу најбогатите Американци кои биле избрани на таа функција во САД. За време на неговиот…

December 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?