Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Екс државниот правобранител Стафа призна вина: Oсуден на 1 година и 3 месеци затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Екс државниот правобранител Стафа призна вина: Oсуден на 1 година и 3 месеци затвор
МАКЕДОНИЈА

Екс државниот правобранител Стафа призна вина: Oсуден на 1 година и 3 месеци затвор

Објавено April 17, 2026 11:58
Сподели
Сподели

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е осуден на казна затвор од една година и три месеци, откако синоќа склучил спогодба со Обвинителството за случајот со примање награда за противзаконито влијание.

Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека предлог-спогодбата била доставена и разгледана, по што судот утврдил дека се исполнети законските услови и ја верификувал. Со оглед дека против ваквата одлука не е дозволена жалба, пресудата станала правосилна веднаш, а Стафа уште истиот ден е спроведен во затворот во Скопје на издржување на казната.

Според пресудата, Стафа во периодот од октомври до декември 2025 година примил вкупно 50.000 евра со цел да посредува и да влијае врз судија од Апелациониот суд во врска со предмет кој се однесува на Љупчо Пецов – Ѓаволот. Обвинетиот, како што се наведува, побарал вкупно 100.000 евра за да обезбеди укинување или ублажување на мерка изречена во постапка против Пецов.

Дел од парите, односно 30.000 евра, му биле предадени преку член на семејството на осомничениот, додека преостанатите 20.000 евра ги примил директно, по што бил затекнат од полициски службеници со парите кај него.

Со овие дејствија, судот утврдил дека Стафа го сторил кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. Во изречената казна му е засметано и времето поминато во притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е Балаклија – Ден посветен на Пресвета Богородица и лековитите води
Следна Статија Судска медицина: Кокаин и лекови за смирување пронајдени кај Стојанче Јовановски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Mицкоски во Минхен ќе се сретне со Зеленски

Премиерот Христијан Мицкоски со низа билатерални средби на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција ја продолжи интензивната дипломатска агенда…

February 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

МЖСПП: Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека беа спроведени мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево во два…

September 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Царина и АХВ – заеднички против сите обиди за криминал со храна

Зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и координиран пристап на Царинската управа и Агенцијата за…

December 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одлуката на САД за визниот режим е само за иселеничките визи, не и за визите за студенти, туристи и стопанственици

Соединетите Американски Држави ги ставија на пауза постапките за издавање иселенички визи, но тоа не влијае врз другите постапки за…

January 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?