Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јовановски се брани: Тврди дека бил жртва на закани и уцени , обвинителството тврди дека е обид за манипулација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Јовановски се брани: Тврди дека бил жртва на закани и уцени , обвинителството тврди дека е обид за манипулација
ХРОНИКА

Јовановски се брани: Тврди дека бил жртва на закани и уцени , обвинителството тврди дека е обид за манипулација

Објавено April 17, 2026 14:47
Сподели
Сподели

Во Основниот кривичен суд во Скопје, обвинетиот Стојанче Јовановски денеска даде исказ во кој изнесе своја верзија за односите со сопругата Ивана Стојаноска, тврдејќи дека тие биле нормални до 2022 година, по што започнале сомнежи за неверство поврзани со комуникации со Мартин Саздов.

Според неговото сведочење, ситуацијата ескалирала откако дознал за врската меѓу Стојаноска и Саздов, при што се сретнале „да се пресметаат“. Јовановски тврдеше дека при таа средба Саздов извадил автоматска пушка и му се заканил со убиство, по што тој ја оттурнал цевката и бил удрен, оставајќи му повреда на рамото. Наведе дека подоцна се обидел да го спречи со возило, но Саздов успеал да избега.

Јовановски изјави дека по извесен период Стојаноска поднела барање за развод, но подоцна му испраќала пораки дека сака да се смират, додека во исто време, како што тврдеше, се плашела од закани од Саздов. Тој додаде дека поседува пораки во кои таа му се жали на закани, уцени и притисоци.

Во исказот беше опишан и настанот од декември 2025 година, кога во неговото возило била пронајдена дрога. Јовановски тврди дека станува збор за подметнување, поврзувајќи го случајот со Саздов и наводно поставен уред за следење во автомобилот.

Говорејќи за настаните на 2 март 2026 година, денот на трагедијата, обвинетиот изјави дека се упатил да ја соочи Стојаноска поради пораки што ги видел, при што повторно дошло до конфликт во присуство на Саздов. Тој тврдеше дека токму Саздов физички ја нападнал Стојаноска, што, според него, довело до ескалација на ситуацијата.

Од друга страна, обвинителката Адела Бојчевиќ оцени дека исказот на обвинетиот претставува обид да се прикаже како жртва, наместо како сторител.

„Ова е очигледен обид за избегнување кривична одговорност, спротивно на доказите со кои располага обвинителството“, изјави Бојчевиќ, додавајќи дека психолошките анализи укажуваат на манипулативност и тенденција за искривување на фактите кај обвинетиот.

Таа истакна дека за случајот со пронајдената дрога се води посебна постапка, како и дека нема докази што го потврдуваат тврдењето дека Саздов ја нападнал Стојаноска.

Обвинителството го товари Јовановски дека ја навел на самоубиство неговата сопруга, која го загуби животот по пад од балкон во скопската населба Тафталиџе, заедно со нивната шестгодишна ќерка. Тој се гони и за семејно насилство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски
Следна Статија Судијата Ѓоко Ристов останува во куќен притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Се судрија четири возила на патот Охрид – Кичево, тројца се повредени

На 18.08.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влез за с.Ботун, се…

August 19, 2025
ХРОНИКА

Изгаснат пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир, се утврдуваат причините

Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово синоќа е ставен под контрола од пожарникари од ТППЕ Берово и околните места.…

October 28, 2024
ХРОНИКА

Девојка сведочи како пред 12 години го пријавила убиецот на Росица во полиција, но не била единствена

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права за „Слободен печат“ денеска изјавија дека имаат информации за најмалку 4 девојки коишто го…

September 19, 2025
ХРОНИКА

Три лица се хоспитализирани по пожарот во Кочани

Пожарот што избувна попладнево пред 14 часот во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани, е изгаснат. Според информациите од…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?