Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Иран повторно воведе ограничувања за премин на бродови низ Ормускиот Теснец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Иран повторно воведе ограничувања за премин на бродови низ Ормускиот Теснец
СВЕТ

Иран повторно воведе ограничувања за премин на бродови низ Ормускиот Теснец

Објавено April 18, 2026 12:49
Сподели
Сподели

Иран ја поништи својата одлука за повторно отворање на Ормуската Теснина, наведувајќи ја како причина континуираната блокада на неговите пристаништа од страна на САД, соопшти денеска Штабот на вооружените сили, објави агенцијата Фарс, пренесе ДПА.

„Контролата врз Ормуската Теснина се врати во претходната состојба и овој стратешки премин е под строго управување и контрола на вооружените сили“, изјави портпаролот на Хатам-ал Анбија, Централниот штаб на вооружените сили, која е обединета командна структура на иранската армија.

Портпаролот додаде дека Иран претходно „со добри намери“ се согласил да дозволи ограничен број танкери за нафта и комерцијални бродови да поминат низ мореузот, пренесе германската агенција.

„Но, за жал, Американците, со нивните повторени прекршувања на довербата што се дел од нивниот начин на работа, продолжуваат да се занимаваат со пиратство и поморски кражби што го нарекуваат блокада“, рече портпаролот, пренесен од Фарс.

По неколку недели речиси целосна блокада на клучниот бродски пат, раководството во Техеран вчера соопшти дека танкерите за нафта и комерцијалните бродови повторно би можеле да поминат низ Ормуската Теснина за време на прекинот на огнот.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го поздрави потегот, но веднаш најави дека САД ќе ја задржат својата поморска блокада, која се однесува само на бродовите што доаѓаат до и од Иран, сè додека „нашата трансакција со Иран не биде 100 отсто завршена“, потсетува ДПА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична пријава за две лица од битолската болница, противзаконски исплатиле скоро 500.000 денари за прекувремени часови
Следна Статија СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство Трипуновски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Германската опозиција го обвини Шолц дека ја поттикнува руската пропаганда

Германскиот канцелар Олаф Шолц е мета на критики од германската конзервативна опозиција, која денеска го обвини дека придонел за „пропагандата“…

November 16, 2024
СВЕТ

Австрија на сириските бегалци им нуди по 1.000 евра за да се вратат дома

Конзервативната влада на Австрија во петокот објави дека им нуди на сириските бегалци „повратен бонус“ од 1.000 евра за да…

December 13, 2024
СВЕТ

Руски бомбардери го убија најбараниот криминалец во светот

Лидерот на милитантната група Хајат Тахрир ал-Шам, Абу Мохамед ал-Голани, чии сили вчера упаднаа во сирискиот град Алепо, наводно е…

December 1, 2024
СВЕТ

Четворица мртви откако маж ја застрела својата партнерка и децата во северозападна Германија

Маж смртно ја застрела својата партнерка и двете деца во германскиот град Олденбург, во северозападниот дел на земјата, пред да…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?