Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
МАКЕДОНИЈА

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина

Објавено April 19, 2026 15:40
Сподели
Сподели

Денеска започна одбележувањето на стогодишнината од основањето на Зоолошката градина во Скопје, која е најстара на Балканот. Денес во неа живеат 500 животни од сто вида, а меѓу најатрактивните се слоницата Данела, нилскиот коњ Буцо, морските лавови, лемури, тапаси, пингвини, автохтоната мечка и многу други.

Директорката на Скопје ЗОО Катерина Костова изјави дека  ќе се реновираат најстарите живеалишта на животните, ќе бидат донесени нови животни, а еден од новитетите исто така ќе биде посетителите да можат во одредени денови и часови да гледаат како зоонегователите ги хранат животните и така ќе може да се научи што се јадат животните и како се чуваат. Таа апелираше до посетителите да не ги хранат животните со чипс и смоки бидејќи тие не се гладни, и секогаш имаат храна.

– Ова е само почеток. Сто години сме издржале многу и наредните сто години се надевам дека ќе биде уште поубаво и дека ќе имаме многу, многу поубава едукација за разлика од сега, понатаму нашите деца да доаѓаат постојано, но и возрасните. Ќе почнеме со реновирање на старите живеалишта и ќе направиме нови Хабитат-европски живеалишта, по стандардите на ЕАЗА и, се надевам, ќе донесеме многу нови животни што досега ги немало кај нас – изјави Костова.

Во зоолошката градина има живеалишта стари и по 50 години.

– Можете да замислите што се тие претрпеле, и земјотреси и поплави, и среќи и несреќи. Првин да ги реновираме постарите живеалишта. На пример живеалиштето на мечката, сепак, таа е наша автохтона и треба посебно да се грижиме за неа. Ќе ги реновираме, ние го викаме тоа прво реон, каде што порано беа бизоните. Таму ќе има мешани животни, за да биде малку поприродно. Доста ги гледаме оние здодевни живеалишта каде што само го гледате животното. Ќе бидат доста природни, со приордни материјали и со доста зеленило – изјави Костова.

Имаме животни, кажа таа, на кои особено сме горди како што се лемурите, тапасите, а во однос на пингвините Костова рече дека, Скопје ЗОО важи за една од зоолошките градини каде во голема бројка се размножуваат и оти најверојатно им одговара нашата клима. Изрази надеж дека наскоро ќе бидат донесени животни што никогаш не сме ги имале досега, капитални животни.

Костова кажа дека здравствената состојба на животните е добра и оти зоолошката исто така има постари животни.

– Во минатото за жал имавме и птичји грип и ТБЦ. Животните се тестирани, значи дека се негативни на ТБЦ. Можеме мирни да бидеме во врска со тоа. Имаме постара колекција на животни, за жал во изминатиов период немавме нови животни да донесеме за да ја подмладиме таа колекција на животни и затоа работиме на тоа да имаме нови и разни полови на животни, да не се само едни исти. На пример само машка група или само женска група, туку да бидат мешани за да можеме да ги размножувани – рече таа.

Од пред еден месец со доаѓањето на повисоките температури бројот на посетители во Скопје ЗОО е зголемен, но директорката Костова вели дека и бројот на спонзорите е исто така зголемен.

– Можеме да се пофалиме со една добра, добра бројка на посетители. Бројот на животни е 500, и околу сто видови, рече таа.

Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 година, од страна на тричлена комисија со која раководел д-р Станко Караман, биолог и доктор по зоологија од Сараево. Истата 1926 година е предложено денешното место за локација на Зоолошката градина. Во тоа време опфаќала 4 (четири) хектари површина, а градината располагала со скромен број на животни, кои претежно биле добиени како подарок од други зоолошки градини и поединци од Балканот и Европа. Во исто време биле отворени и Природно-научниот музеј, а тие извесен период функционирале како една организација, биле изградени и Градскиот парк и Ботаничката градина. Со ова Скопје станал првиот град во тогашните Балкански простори, кои имале ваква природно-научна и зоо структура.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВРЕДИ: На кој јазик синот на Талат Џафери го положи правосудниот испит?!
Следна Статија Филипче: СДСМ е подготвен за избори во секое време

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Со се колата ме дигнаа – Таксистот Џелили опишува како му го дигнале автомобилот со пајак заедно со него на кровот

Откако вчера на паркингот кај Железничката и автобуската станица му го кренаа такси возилото додека беше качен на автомобилот, Фатмир…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

ГОРДИ СМЕ НА НАШАТА АРМИЈА: Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски предновогодишно со македонските мировници и нивните семејства

Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски,…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Локални избори 2025: Утре завршува јавниот увид во Избирачкиот список, кандидатските листи до 13 септември

Јавниот преглед на информациите од Избирачкиот список за Локалните избори 2025 завршува утре на полноќ, а два дена подоцна, на…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Планот А е полноправно членство во ЕУ, од Брисел очекуваме предвидливост, а не решение по секоја цена

Планот А е полноправно членство во ЕУ и од тој план државата нема да скршне и нема никаква дилема околу…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?