Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: СДСМ е подготвен за избори во секое време
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: СДСМ е подготвен за избори во секое време
ПОЛИТИКА

Филипче: СДСМ е подготвен за избори во секое време

Објавено April 19, 2026 15:41
Сподели
Сподели

СДСМ е подготвен за избори во секое време – утре, наесен или догодина, а целта е враќање на власта во рацете на граѓаните и обезбедување демократска власт која ќе го продолжи европскиот пат на државата, изјави денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

Филипче нагласи дека партијата ќе се бори за, како што рече, доброто на државата и дека на избори ќе победи демократијата над автократијата, а Европа над Русија.

– Ние сме подготвени за избори било кога. Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните и ќе има демократска власт која ќе го продолжи европскиот пат на земјата, ќе ги унапредува меѓуетничките односи, нема да одзема веќе стекнати права, туку ќе ги зајакнува, и ќе работи на подобрување на односите со соседите – рече Филипче.

Тој оцени дека актуелната власт создава вештачки поделби и, како што наведе, вештачки непријателства со соседните земји, наместо да гради стабилни и добрососедски односи. Посочи дека младите не треба да ја губат надежта, уверувајќи дека, како што рече, Македонија може и ќе биде демократска држава исчистена од корупција.

– Кога СДСМ ќе ги добие изборите, кога и да се одржат, предвремени или редовни, ќе ја вратиме власта кај граѓаните и оваа земја ќе биде со нула корупција – порача Филипче.

Oдговарајќи на прашање поврзано со ставовите на градоначалникот на Крива Паланка и комуникацијата меѓу централната и локалната власт, Филипче оцени дека таквата соработка е позитивна и неопходна, но дека клучно е дали изнесените ставови се во согласност со волјата на граѓаните.

– Добро е кога централната и локалната власт комуницираат, но најважно е дали тоа што го кажува наводно градоначалникот е засновано на барањата и ставовите на граѓаните во Крива Паланка. Ако граѓаните и регионот го одобруваат тоа, нема проблем. Но ако не го одобруваат, тогаш јас и СДСМ застануваме на страната на граѓаните и нивните барања – истакна Филипче.

Тој повтори дека СДСМ секогаш ќе ја поддржува волјата на граѓаните и дека одлуките мора да произлегуваат од нивните реални потреби и очекувања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
Следна Статија Поранешниот судија Наќе Георгиев излегува од затвор предвреме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче до Димитриевски: Со предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината „Се бориме за нашиот дом“ од Прилеп, му одговори на Максим Димитриевски. „Слушам…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Натпартиски консензус е единствено решение, да разговараме и да ги детерминираме црвените линии

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска уште еднаш упати апел за лидерска средба на која, како што рече, би се…

July 15, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Неетички чин на министерот Филков, судир на интереси или кражба на труд?

„Министерот за правда, Филков, има намера да магистрира на тема „Креирање на стратегии во сферата на правосудството како надлежност на…

September 5, 2025
ПОЛИТИКА

Локални избори 2025: Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до Општинските изборни комисии

Сите оние кои што сакаат да се кандидираат на Локалните избори 2025 година закажани за 19 октомври, своите кандидатури за…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?