Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мито од 1.000 до 10.000 евра им биле барани на компаниите за разни услуги од власта, покажа анкета на Стопанската комора
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мито од 1.000 до 10.000 евра им биле барани на компаниите за разни услуги од власта, покажа анкета на Стопанската комора
ЕКОНОМИЈА

Мито од 1.000 до 10.000 евра им биле барани на компаниите за разни услуги од власта, покажа анкета на Стопанската комора

Објавено October 31, 2024 18:29
Сподели
Сподели

Од 1.000 до 10.000 евра, им биле барани на приватните компании за одредени дозволи, инспекциски надзори, царински, а кај јавните набавки 6 до 10 проценти од вредноста на тендерот. Дури 78 отсто од коруптивните барања доаѓале од централната власт. Ова го покажа анкетата на Стопанската комора на Северна Македонија, спроведена лани, а со која биле опфатени 138 приватни компании, од кои 53 проценти се изјасниле дека биле соочени со коруптивни барања.

Резултатите од анкетата беа соопштени на денешната обука „Бизнис интегритет“, која се одржа во Прилеп со компаниите од градот и регионот, организирана од Стопанската комора на Северна Македонија.

– Борбата против корупцијата и бизнис интегритетот се теми за кои можеби во земјава недоволно зборуваме, но се од суштинско значење за секој кој има намера сериозно да се занимава со бизнис. Резултатите од анкетата се такви какви што се. Имаме многу голем простор да ги подобриме работите. Јас би издвоил два моменти. Првото е што 83 проценти од анкетираните компании сметаат дека корупцијата е еден од трите најважни проблеми во државава кој треба да ги решиме и второ, анкетата покажа дека дури 96 проценти од компаниите кои одговорија, сметаат дека може да се има успех во борбата против корупцијата, што е охрабрувачки елемент, при што тие делумно се вртат и кон самите себе и велат дека имаат потреба да внесат, да вградат, или да ги засилат своите механизми за спречување на корупцијата, изјави Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора.

Еден од предавачите на обуката за бизнис интегритет Јованка Кенкова Пјевац, предавач на обуката од Македонски телеком вели дека компанијата е пионер во имплементирањето на системи за интегритет. Потребно е да се усогласиме со намерите на Европската унија за борба против корупцијата, а има можност за индивидуални и заеднички мерки на компаниите.

– Мерките за самите компании се имплементирање на еден сеопфатен систем за интегритет кој е комплексен. Покрај индивидуалните мерки на секоја компанија, постои простор за колективно дејствување. Тоа е една од формите на здружување на компаниите со кое може да го засилат своето влијание во борбата против корупцијата, особено во услови кога локалните законодавства слабо функционираат во тој дел. Европската Унија е во подготовка на еден многу екстензивен документ за борбата против корупцијата како директива која треба да ја усогласат сите членки на ЕУ. Бидејќи налага обврски и за компаниите добавувачи, потребно е, бидејќи сме во процесот на евроинтеграција, и нашето локално законодавство да се усогласи со директивата, рече Кенкова Пјевац.

Претседателот на Регионалната стопанска комора од Прилеп, Никола Мариноски, смета дека се потребни казни и независен, стабилен судски систем.

– Доколку се воспостави добар судски, мериторен систем каде ќе може да се казнуваат таквите коруптивни дела, сметам дека ќе може да исчекориме напред. Сметам дека доколку државата воведе систем, најпрво на казни, односно судскиот систем да почне да казнува, тогаш сметам дека ќе се намали оваа, како што кажа и американската амбасада, ендемска корупција во нашава држава, рече Марионски.

Обуката за „Бизнис интегритет“ на која учествуваа претставници на преку 30 компании е прва од ваков вид во земјава и е една од активностите на Стопанската комора за градење здрав економски амбиент. Тоа вклучува борба против корупцијата, борба против сивата економија, борба за владеење на правото. Ова е активност во рамките на проектот „Граѓаните против корупцијата“ кој го раководи Македонскиот центар за меѓународна соработка, а учествуваат невладини организации, медиуми кои се занимаваат со истражувачко новинарство и Стопанската комора како претставник на приватниот бизнис сектор. Проектот е финансиран од УСАИД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потврден нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани
Следна Статија (ВИДЕО) Ријана ги воодушеви сите со реклама во која позира со децата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

На постарите од 60 години да им се овозможи да работат, но не задолжително, вели Рита Колумбиа од Обединети нации

Прашањето за старосната граница за заминување во пензија треба сеопфатно да се разгледа. На лицата над 60 години дефинитивно треба…

December 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

До крајот на годината работодавачите да исплатат К-15, апелираат од ССМ

Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека до крајот на годината на работниците треба да им се исплати регрес за…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ако се зголеми границата за пензионирање на 67 години, луѓето би живееле во пензија само шест години, вели Јовановиќ

Универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии е против предлогот за зголемување на границата за пензионирање…

December 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Македонските градежници сѐ помалку имаат работа во странство

Домашната градежна оператива во периодот јануари – март годинава извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 23 милиони…

May 15, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?