Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Светска Банка: Македонската економија ќе го забрза растот во следните неколку години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Светска Банка: Македонската економија ќе го забрза растот во следните неколку години
ЕКОНОМИЈА

Светска Банка: Македонската економија ќе го забрза растот во следните неколку години

Објавено October 17, 2024 18:20
Сподели
Сподели

Македонската економија ќе има економски раст од 1,8% годинава, 2,5% догодина и 3% во 2026 година. Ова е проценката на Светска Банка во најновиот полугодишен извештај. Главните ризици се енормното зголемување на цените на храната и енергијата, воените конфликти во Украина и на Блискиот Исток, како и лошите перформанси на германската еконија, земја која е најголем трговски партнер на земјава. Врз македонското стопанство и тоа како има влијание кризата во производство на автомобили, бидејќи во земјава има голем број на добавувачи за странските автомобилски брендови.

Светската Банка го поддржува задолжувањето преку кредит од Унгарија бидејќи бил земен под поволни услови, односно со пониска каматна стапка од опцијата издавање на еврообврзница. Дел од парите ќе се наменат за отплата на еврообврзница која достасува во јануари следната година, дел за стимулирање на потрошувачката, како и за отплата на заостанати обврски. Светска Банка алармира поради зголемувањето на јавниот долг до нивото од 63.5% од БДП годинава, главно поради исполнувањето на предизборните ветувања за поголеми плати и пензии. Сепак, нотира дека ако пред 7 години јавниот долг бил во умерената зона, сега тоа не е случај.

Од земјите од регионот, најголем економски раст годинава, според проекциите на Светска Банка треба да имаат Косово и Србија од 3,8%, по што следат Црна Гора со 3,4%, Албанија со 3,3% и Босна и Херцеговина со раст од 2,8%. Како еден од најголемите удари врз земјите од Западен Балкан се истакнува иселувањето, особено на младите. Светска Банка нотира дека Владите треба повеќе да инвестираат во образование, здравство, подобрување на јавните услуги, како и во борба со корупцијата за да го намалат интересот за заминување во странство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Минчев: Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните
Следна Статија МАНУ: Секаде во светот постои само една национална академија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра

Највисоката цена за станбен квадрат во првиот квартал од годинава е постигната во општина Кисела Вода, каде стан од 45…

May 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

„Визер“ почнува со продажба на билетите за новите авиолинии до Барселона, Лион и Штутгарт

Авиокомпанијата „Визер“ денеска објави дека почнува со продажба на билети за трите нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје до Барселона,…

December 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Би-Би-Си планира да скрати 2.000 работни места

Британскиот јавен сервис Би-Би-Си  објави дека планира да намали до 2.000 работни места со цел да го намали својот годишен…

April 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Истрага во Правосудниот Оддел на САД за Џеј Пауел

Истражувањето за исказите на претседателот на Федералните резерви поставува прашања за независноста на правосудниот систем

January 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?