Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Минчев: Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Минчев: Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Минчев: Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните

Објавено October 17, 2024 18:00
Сподели
Сподели

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на првата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“, одржана во Медија центарот на Владата. На настанот присуствуваше и Есма Адиловиќ Фазлиќ, раководител на сектор за реформа во јавната администрација.


Министерот Минчев ја истакна важноста на новото министерство во реформите на јавната администрација, нагласувајќи посветеност на зголемување на ефикасноста и транспарентноста на истата. Тој ги презентираше новите иницијативи, вклучувајќи системски и ефективни закони, систем заснован на заслуги и формирање на Академија за обука на јавната администрација.

„Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните и ќе биде во согласност со европските стандарди. Овие реформи имаат за цел да ја модернизираат и професионализираат администрацијата за да се одговори на барањата на нашето општеството“, изјави Министерот Минчев.

На трибината присуствуваа и високи претставници од Министерството за финансии, Министерството за економија и труд, Управата за јавни приходи и Царинската управа, што дополнително ја потврди важноста на соработката меѓу различните институции во напорите за подобрување на јавниот сектор.

Платформата „100% Посветено за тебе“ претставува иницијатива на Владата со цел да се осигура транспарентност и отворен дијалог со граѓаните, пружајќи им можност да се информираат за активностите и напорите на Владата во првите 100 дена од мандатот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Вистинското прашање е до каде е проектот за Коридорот 8 во Албанија
Следна Статија Светска Банка: Македонската економија ќе го забрза растот во следните неколку години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Паднати дрвја, покриви, оштетени возила во Скопје по страшното невреме

Поради невремето проследено со силен ветер, кое попладнево го зафати Скопје до овој момент преку Единствениот број за итни повици…

July 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Екс претседателот Иванов стана Почесен доктор на науки на Универзитетот во Текирдаг

Поранешниот Претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов учествуваше на 28. Евроазиски економски самит во Истанбул, организиран од Фондацијата…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

30 граѓани во Карпош казнети со по 40 евра за фрлање кабаст отпад во контејнери

Инспекциските служби од Општина Карпош во мај и јуни спровеле акција за контрола на несоодветно одлагање на кабаст отпад во…

July 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Стејт департмент: На средбата Рубио-Муцунски беше нагласена силната врска меѓу САД и Македонија

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека државниот секретар Марко Рубио на средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?