Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сведок за „Пулс“: Пиротехниката беше поставена после полноќ, пожарот брзо се рашири
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Сведок за „Пулс“: Пиротехниката беше поставена после полноќ, пожарот брзо се рашири
ХРОНИКА

Сведок за „Пулс“: Пиротехниката беше поставена после полноќ, пожарот брзо се рашири

Објавено April 22, 2026 12:40
Сподели
Сподели

На судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска сведочеше студентката Теа Ѓорѓиева.

Таа кажа дека пиротехниката во локалот не била таму кога почнал концертот туку дека била донесена околу еден часот по полноќ и според нејзиното тврдење била наместена многу блиски и до бината но и до публиката.

Ѓорѓиева кажа и дека виралното видео од почетокот на пожарот е снимено со нејзин телефон, но дека во моментот на снимање таа и другите околу неа не мислеле дека пожарот ќе стане толку сериозен.

„Јас снимав со телефонот. Додека снимав, не го видов, после една минута забележав дека гори. Почетокот на пожарот е снимен на моето видео. Нормално, сите снимавме видеа во тие моменти… Бендот почна да пее, видовме дека почна да гори, но никој не го сфати сериозно тоа“, сведочеше Ѓорѓиева.

Таа појасни дека огнот тргнал од горниот дел на објектот, од искрите на пиротехниката.

Според нејзиниот исказ, иако членовите на бендот им кажале на присутните да излезат надвор, голем дел од публиката останал внатре. Паниката започнала кога луѓето масовно се упатиле кон излезот.

„Сфатив дека се заглавувам во гужвата… Следниот момент се сеќавам дека бев меѓу излезната и влезната врата. Знам дека бев заглавена, бев легната на земја и беспомошна. Во тој момент се обраќав за помош“, раскажа Ѓорѓиева

Дополнително, таа посочи дека почувствувала чуден, кисел мирис, а зад себе слушала звуци налик на експлозии.

Судскиот процес за „Пулс“ продолжува со изведување на докази, а пред судот ќе се повикаат и доктори од Судска медицина.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојаноски: Само оние кои имаат македонско државјанство ќе можат да бидат пратеници
Следна Статија СДСМ се скара и со градоначалникот на Крива Паланка: Не можел сам да одлучува или да се договара со Мицкоски за рудникот за антимон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Мајка и дете нападнати во Аеродром

На 20 септември 2025 година, во 21:00 часот, во СВР Скопје 33-годишниот Г.С. од Скопје пријавил дека неговата сопруга В.А.…

September 21, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава против поранешен помошник министер и раководител во сектор за набавки во МВР

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава против Ж.Т.…

January 29, 2025
ХРОНИКА

ФОТО: Првата електронска алка кај осуденик од Велес, започна извршувањето на пресудата куќен затвор

Денеска од страна на овластени службеници од Секторот за пробација во Чашка, Велес за првпат беше поставена опремата за електронски…

October 8, 2025
ХРОНИКА

Спречено криумчарење на злато, лекови, фотоапарати, опрема за боречки вештини

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што запленети се…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?