Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судски совет: Избрани 68 нови судии, разрешени двајца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Судски совет: Избрани 68 нови судии, разрешени двајца
Blog

Судски совет: Избрани 68 нови судии, разрешени двајца

Објавено April 22, 2026 16:42
Сподели
Сподели

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 541. седница го усвои годишниот извештај за својата работа за 2025 година, во кој се нотира зголемена транспарентност, кадровски промени и постапување по претставки и дисциплински постапки.

Според извештајот, во 2025 година Судскиот совет одржал вкупно 24 седници и почнал со работа со нов електронски систем за тонско снимање, електронско гласање и директен пренос во живо, со што се унапредени јавноста и транспарентноста во неговото работење.

Во текот на годината избрани се 68 нови судии од осмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители, кои се распределени во основните судови. Истовремено, унапредени се 17 судии – 10 во Апелацискиот суд Скопје, четворица во Апелацискиот суд Битола и тројца во Врховниот суд. Избрани се и 10 нови претседатели на судови.

Во делот на одговорност, до Судскиот совет биле поднесени 90 барања за утврдување одговорност, кои опфатиле 161 судија. По 64 барања било утврдено дека се ненавремени или неосновани, за 15 постапки била донесена одлука за запирање, а за 11 постапки продолжило постапувањето.

Советот постапувал и по 425 претставки од граѓани и правни лица, од кои за 13 се утврдило дека се основани и по нив се постапува, а другите биле отфрлени како неосновани.

Во 2025 година донесена е одлука за разрешување двајца судии – еден судија од Основниот суд Кавадарци и еден од Апелацискиот суд Скопје, а на тројца судии им е изречена дисциплинска мерка намалување на платата.

Извештајот ги содржи и состојбите во судовите во согласност со нивните годишни извештаи, како и активностите поврзани со имплементацијата на препораките од оценската мисија на Европската Унија и новата програма и акцискиот план за спречување и следење на корупцијата, со што, како што беше истакнато, е исполнета обврската од реформската агенда на ЕУ за периодот 2024 – 2027. Овој сегмент ќе биде дополнет со активности реализирани во 2025 година, меѓу кои завршниот проект МАТРА, меморандумот со Управниот суд за дигитализација и британскиот проект за унапредување на дисциплинските постапки.

На седницата беше усвоено и барањето за делегирање судии во Основниот суд Берово. Судијката Дејана Дејановска од Основниот суд Штип е привремено упатена да ја извршува судиската функција во Берово и е определена за в.д. претседателка на судот.

Судскиот совет расправаше и за други тековни прашања, меѓу кои барање за престанок на надоместок на патни трошоци на судија делегиран од Скопје во Струга, како и расправа по претставки и формирање комисии за утврдување одговорност на судии и претседатели на судови.

Извештајот за вонредно оценување на судиите кандидати за претседател на Управниот суд беше повлечен од дневниот ред

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вембањама лупна со главата во паркетот (ВИДЕО)
Следна Статија Мицкоски: Во Европа нема втор пример како нас во однос на евроинтеграцијата, билатерализацијата го прави процесот неизвесен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Мицкоски: Ние сме единствена држава што ги намали цените на горивата минатата недела

Ние сме единствена држава што ги намали цените, единствена држава во регионот и можеби најдобра во Европа што се однесува…

April 1, 2026
Blog

Познат ланец за брза храна затвора 140 ресторани

Американскиот ланец на ресторани за брза храна „Вендис“ затвора 140 ресторани во следните неколку месеци, соопшти менаџментот на компанијата. Сепак,…

November 2, 2024
Blog

Дневен хороскоп за Девица – понеделник, 17 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот на денешниот Девица ќе биде наполнет со стекнување јасност преку саморефлексија, што ќе придонесе…

February 17, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Лав – вторник, 28 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Уште од рано утро, ќе се чувствувате горделиви, харизматични, великодушни, креативни и одлучни. Ова се…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?