Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој е дел од владината делегација што ја предводи премиерот Христијан Мицкоски во Виена, на денешната средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер ги истакнал регионалните развојни проекти, со фокус на коридорите како инвестиции со најголем економски потенцијал.
Николоски, како што информира преку својот фејсбук профил, се осврнал и на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10.
Соработката со Австрија, истакнува вицепремиерот, продолжува во духот на заедничките односи за развој на регионот, за економски напредок и за одржување на добрите билатерални односи.

-Денеска присуствував на средби со канцеларот Штокер и високи претставници на Владата на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во фокусот на средбите ја истакнав економската соработка, можноста за нови инвестиции и развојни проекти кои ќе овозможат регионален развој и интеграција.
Австрија е долгогодишен трговски и економски партнер на Македонија и силен подржувач на земјата и во рамки на одличната билатерална соработка, нашите односи се темелат на силна доверба и заеднички визии за развој и напредок. На средбата со владините претставници, се осврнав и на изградба на брзата пруга на Коридор 10, проект кој ќе овозможи брз и ефикасен транспорт и силен економски импулс во регионот. Се зборуваше и за стратешкиот Коридор 8, како и за инвестицискиот циклус кој се случува на овој важен коридор, наведува Николоски
