Полицијата им поднесе кривични пријави на родители од Делчево кои ги дале двете малолетни ќерки да живеат со многу повозрасни мажи од стумичко. Едното девојче на сила го однеле да живее со 27 годишен маж уште пред три години. Ја силувал и родила дете. Другата ќерка пак кој немала 15 години, ја предале во живот со 49 годишен маж кој е на иста возраст со родителот на детето.
„Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против О.Л.(49) од Делчево и Н.Л.(38) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“, против Н.П.(27) од струмичко село за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ и „силување на дете кое не наполнило 15 години“ и против О.П.(49) од струмичко село за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете. О.Л. и Н.Л. како родители дозволиле, во периодот од септември 2023 година нивна малолетна ќерка да живее во вонбрачна заедница со Н.П., при што таа родила и дете, а втората малолетна ќерка од март 2024 да живее во вонбрачна заедница со О.П., информираа од МВР за случајот.
