Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Русија го стопира транспортот на казахстанска нафта кон Германија преку „Дружба“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Русија го стопира транспортот на казахстанска нафта кон Германија преку „Дружба“
СВЕТ

Русија го стопира транспортот на казахстанска нафта кон Германија преку „Дружба“

Објавено April 22, 2026 21:01
Сподели
Сподели

Русија од мај повеќе нема да транспортира нафта од Казахстан до Германија преку нафтоводот „Дружба“, соопшти рускиот вицепремиер Александар Новак.

Новак, кој е задолжен за енергетиката, изјави дека испораките на казахстанска нафта за Германија преку „Дружба“, која повеќепати е цел на напади за време на конфликтот во Украина, од 1 мај ќе бидат пренасочени поради „актуелните технички можности“.

Тој додаде дека за ова ја информирал казахстанската страна за време на разговорите минатата недела.

Казахстанскиот министер за енергетика Ерлан Акенженов претходно изјави дека Русија планира целосно да го прекине транзитот на нафта преку „Дружба“ до рафинеријата ПЦК во германската покраина Бранденбург.

Акенженов рече дека Москва се повикува на технички тешкотии во транспортот на казахстанската нафта и посочи дека тоа би можело да биде поврзано со неодамнешните напади врз руската инфраструктура.

Новак, исто така, нагласи дека Русија нема интерес да биде транзитна земја, додавајќи дека Германија веќе се откажала од руската нафта и дека „на нивна страна сè функционира“.

Казахстанската нафта беше клучна за Германија во намалувањето на зависноста од Русија по инвазијата врз Украина.

Казахстан не планира да го намали производството и може да ги пренасочи испораките преку други рути, изјави Акенженов на маргините на еколошки форум во главниот град Астана.

Германската филијала на Росњефт добила известување од казахстанските партнери дека од мај се очекуваат потешкотии во испораките, јавуваат извори за ДПА.

– Мораме да разгледаме како да обезбедиме алтернативни испораки доколку е потребно, за ПЦК да продолжи да работи со полн капацитет – изјави портпарол на Росњефт Германија.

Нафтоводот „Дружба“ во последните месеци е предмет на спорови во Европската Унија, при што Украина тврди дека транзитот кон Унгарија и Словачка бил прекинат поради руски напади, што ја натера Будимпешта да блокира европски фондови за Киев.

Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера соопшти дека нафтоводот е поправен. ЕУ денеска се согласи да одобри заем од 90 милијарди евра за Украина и да воведе нови санкции кон Русија, откако Унгарија ја повлече својата повеќемесечна блокада по изборите на 12 април, на кои изгуби премиерот Виктор Орбан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија КАКО ВО ЛОША ТУРСКА СЕРИЈА: Родители ги дале двете малолетни ќерки, едната била силувана и родила дете
Следна Статија Европската комисија бара координација за да нема недостиг на керозин во летната сезона

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ОН: Трговијата со кокаин и метамфетамин е во подем

Глобалната трговија со нелегални дроги е во подем, а производството на кокаин и заплените на метамфетамин достигнаа рекордни нивоа, покажа…

June 27, 2026
СВЕТ

Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон

Натписот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) вчера попладне беше симнат од влезот на седиштето на агенцијата, иако федерален…

February 8, 2025
СВЕТ

Трамп објави видео со вештачка интелигенција „Трамп Газа“

Доналд Трамп објави видео генерирана од вештачка интелигенција на неговиот профил на социјалните мрежи Truth Social. Видеото со вештачка интелигенција…

February 26, 2025
СВЕТ

Нобеловата награда за хемија доделена на тројца научници за истражување на протеинските структури

Нобеловата награда за хемија за 2024 година им е доделена на американскиот научник Дејвид Бејкер, како и на британските истражувачи…

October 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?