Уапсен е Мухамед Мети Сејдини, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Првичните информации до кои дојде Нетпрес велат дека се сомничи за проневера на околу 700.000 евра, пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина на стадионот во Охрид.
Акцијата ја спроведува МВР во соработка со Јавното Обвинителство.
Неофицијално, со доаѓање на новото ракивидство на ФФМ, увидени се злоупотреби и истите се пријавени до МВР. Подолго време старото раководство на ФФМ беше производ на скандали кои утрово завршуваат со апсења
