Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нашите туристички организации бараат одложување на EES системот на грчките граници за македонските државјани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нашите туристички организации бараат одложување на EES системот на грчките граници за македонските државјани
МАКЕДОНИЈА

Нашите туристички организации бараат одложување на EES системот на грчките граници за македонските државјани

Објавено April 23, 2026 11:42
Сподели
Сподели

Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (EES) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година.

Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјава, кој предупредува дека евентуалната примена на системот во шпицот на летната туристичка сезона може да предизвика значителни застои на граничните премини, со чекања од повеќе часови. Ова, како што посочуваат туристичките работници, директно би влијаело врз квалитетот на туристичкото искуство, но и би можело да резултира со откажување на веќе резервирани аранжмани за летување во Грција.

– Грција е традиционално најзначајна туристичка дестинација за граѓаните на Македонија, а непречениот проток на патници е од суштинско значење за одржување на стабилноста и развојот на туристичката индустрија. Затоа, бараме разбирање и разгледување на можноста за временско одложување на имплементацијата на системот во текот на најфреквентниот период, посочуваат од Туристичката комора при ССКМ.

Нагласуваат дека иницијативата е во насока на зачувување на добрососедските односи и поддршка на економската соработка меѓу двете земји, особено во делот на туризмот, кој претставува значаен сегмент за регионалната економија.

Туристичката комора очекува позитивен одговор од грчките институции, со цел обезбедување непречено движење на туристите и успешна реализација на претстојната летна сезона.

Ослободување од ЕЕС проверки при патување во Грција во текот на летните одмори, побара и Националното здружение на туристички агенции на Србија (JUTA). Повеќе од еден милион српски туристи кои секое лето одат на одмор во Грција се надеваат дека ќе ги избегнат километарските редици на граничните премини.

Грчката влада веќе одлучи дека британските граѓани нема да мора да поминуваат низ биометриски проверки при влегување во земјата како дел од имплементацијата на новиот европски ЕЕС за да се избегне можниот метеж на границите и аеродромите. Грција минатата година ја посетиле речиси пет милиони британски туристи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонците лани направиле 12,4 милиони онлајн трансакции и потрошиле 427,8 милиони евра, најмногу купувале авиобилети и резервирале хотели
Следна Статија Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Јавниот обвинител, Лиле Стефанова и судирот на интереси

Аргумент плус дека државниот обвинител е зрел за менување покажува и неговата Одлука за надзор, со која тој ги прекршил…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

По инспекцијата, Прилепскиот театар доби забрана за настани и претстави

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ доби забрана за одржување настани, манифестации и приредби се додека не се отстранат недостатоците и…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје е во десетте најзагадени градови во светот

Скопје е меѓу десетте најзагадени големи градови во светот, според листата на IQAir. Во текот на денов, главниот град постојано беше…

November 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Поранешниот германски министер Рот: Новата бугарска влада треба да се засрами за Македонија

Глупавaта опструкција на патот на Македонија кон ЕУ од страна на Бугарија е неодговорна и мора да престане, напиша на…

May 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?