„Јас сум Италијанец по раѓање и сонувам да ги видам „Азурите“ на турнир организиран од САД. Со четири титули, тие имаат педигре за да го оправдаат своето вклучување“, рече Замполи.Италијанската репрезентација не успеа да се квалификува за Светското првенство, трет пат по ред, откако загуби во финалето на плејофот од Босна и Херцеговина.ФИФА официјално не го коментираше предлогот на Замполи, но посочи на изјавата на претседателот Инфантино од минатата недела во која тој навести дека Иран „сигурно доаѓа“ на Мундијалот.
„Фајненшл тајмс“ објави дека планот на Замполи е предложен во обид да ги смири односите меѓу САД и Италија откако премиерката Џорџа Мелони го критикуваше Трамп за неTрамп побара, но ФИФА не дозволи Италија да игра на СП на местото на Иран

Светската фудбалска федерација (ФИФА) нема намера да ја замени иранската репрезентација со селекцијата на Италија на претстојното Светско првенство, откако таков предлог иницираше специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, објави денеска Би-Би-Си.Учеството на иранската репрезентација на Светското првенство е неизвесно поради војната со САД и Израел, а специјалниот американски претставник, Паоло Замполи, за Фајненшл тајмс изјави дека им предложил на Трамп и на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, италијанската селекција да го замени Иран на мундијалскиот турнир.