Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mинистерот за економија се закани дека ако има злоупотреби од трговците, ќе ја ограничат профитната маржа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Mинистерот за економија се закани дека ако има злоупотреби од трговците, ќе ја ограничат профитната маржа
Blog

Mинистерот за економија се закани дека ако има злоупотреби од трговците, ќе ја ограничат профитната маржа

Објавено April 23, 2026 16:27
Сподели
Сподели

Пазарниот инспекторат е постојано на терен и доколку евидентира случаи на зоупотреби од трговците, ќе реагираме во согласност со механизмите и мерките што ги имаме на располагање и ќе ја ограничиме профитната бруто-маржа да не оди над 10 проценти – изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, по денешната седница на Економско-социјалниот совет.

Досега, според него, има мало зголемувања на цените, позначително кај берзанските производи.

– Кај другите производи, според анализата што ја направивме за периодот од 1 февруари до 1 април, зголемувањето е минимално, што не е значајно за инфлацијата – рече Дурмиши на новинарско прашање по седницата на Економско-социјалниот совет.

Прашан дали смета дека не треба да има мерки во услови на сегашната инфлација, посочи дека треба да се гледа од каде доаѓа инфлацијата и оти цените на основните прехранбени производи, каде што имаат надлежност и механизми, се под контрола. – Од други причини, доколку се утврдат, нормално дека ќе реагираме, исто како што реагиравме и во изминатиот период – посочи Дурмиши.

Како што рече, постојано се работи на анализа и следење на пазарните движења. Во соработка со Државниот пазарен инспекторат направена е анализа на 55 најосновни прозводи од четири трговски синџири во периодот од 1 февруари до 1 април 2026 година. Резултатите покажуваат минимален пораст на продажните цени од 0,4 проценти, набавните цени пораснале за 1 процент, а истовремено просечната профитна бруто-маржа од страна на трговците е намалена од 16 на 15 проценти, што, истакна Дурмиши, покажува дека и тие презеле товар да излезат во пресрет во тековната криза и да бидат стабилни цените. Кај основните прехранбени производи има благ пораст од 0,45 проценти, најмногу кај јајцата, сирењето, маслото и киселото млеко, но, истакнува, тоа се берзански производи. Кај овошјето и зеленчукот има намалување од 0,86 проценти, кај безалкохолните за 1 процент, а кај хигиенските производи пораст од 1,4 процент.

– Со анализите што ги имаме ја гледаме профитната бруто-маржа на трговците. Пазарните инспектори ги контролираат секојднево, ако има девијантно однесување од страна на трговците и зголемување на маржата надвор од она што покажуваат податоците од пазарната економија, нормално дека ќе реагираме со конкретни мерки како што реагиравме со ограничување на маржата на ѓубривото, каде што трговците беа фатени дека ја зголемуваат маржата. Исто така, вчера имавме состанок со трговците што продаваат автогас, каде што беше евидентирано дека има зголемување на маржата од 22 проценти. Разговаравме со нив и веднаш по состанокот, ги намалија цените, односно направија маржа од 5 проценти во големопродажба и 5 проценти на малопродажба. Тоа се случуваше. Да не се случеше ова, ќе одевме со конкретни мерки – рече Дурмиши.

Тој најави дека на наредната седница на ЕСС ќе биде усвоена просечната потрошувачка кошничка што ја пресметува Владата и оти таа, како што рече, ќе биде пониска за 13 проценти од онаа што ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија.

– Ние имаме направено методологија за пресметка на просечната и минималната потрошувачка кошничка. Некои ставки од методологијата ги оспоруваме, како и пресметките што ги прават синдикатите, каде што има повеќе разлики. Нашите анализи покажуваат дека нашата пресметка е речиси 13 проценти пониска. Во наредниот период ќе работиме со релевантните институции, особено со статистика, за да се подобри навременоста на податоците, со цел да можеме точно и навремено да ја објавуваме потрошувачката кошничка за секој месец. Во моментот имаме податоци за февруари, делумно и за март и април, но сметаме дека тие информации не треба да се објавуваат во јавноста пред да бидат потврдени од релевантните државни институции – изјави Дурмиши

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ и одобри на Украина заем од 90 милијарди евра
Следна Статија Tрамп побара, но ФИФА не дозволи Италија да игра на СП на местото на Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Маск бара огромно обештетување од OpenAI и Microsoft

Основачот на Tesla и SpaceX поднесува тужба за наводно одвојување од původната некомерцијална мисија на компанијата

January 18, 2026
Blog

И Дојче банк е во криза, ќе отпушта вработени

Германската банка „Дојче банк“ планира да отпушти околу 2.000 вработени годинава во рамки на својата стратегија за намалување на трошоците,…

March 20, 2025

Мета ги предупредува младите Австралијци да ги преземат своите податоци пред забраната за социјални медиуми

Мета започна да известува млади Австралијци да ги преземат своите дигитални историјати и да ги избришат своите профили од Facebook,…

November 21, 2025
Blog

‘Young 40’: The South Korean millennials mocked for ‘trying too hard’ – BBC

Even the iPhone, long considered the preserve of the youth, has been recast as a tacky trademark of Young 40s.

January 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?