Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕУ и одобри на Украина заем од 90 милијарди евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > ЕУ и одобри на Украина заем од 90 милијарди евра
СВЕТ

ЕУ и одобри на Украина заем од 90 милијарди евра

Објавено April 23, 2026 16:23
Сподели
Сподели

Земјите-членки на Европска Унија денеска и формално го одобрија заемот за Украина од 90 милијарди евра и 20-иот пакет санкции против Русија, соопшти кипарското претседателство.

И двете одлуки на ЕУ досега беа блокирани од унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, оправдувајќи го своето вето со наводното доцнење на Украина во поправката на нафтоводот „Дружба“, кој ја снабдува Унгарија со руска нафта. „Дружба“ беше оштетен кон крајот на јануари во руски напад со дронови.

Украина пред два дена соопшти дека нафтоводот „Дружба“ е поправен, а Унгарија и Словачка денеска соопштија дека повторно добиваат руска нафта.

Две третини од заемот или 60 милијарди, се наменети за воена помош, а 30 милијарди за поддршка на украинскиот буџет за да се обезбеди континуирано функционирање на државата и основните јавни услуги.

Украина треба да ги користи овие средства за купување оружје и опрема произведено во ЕУ, а надвор од тоа само ако не се достапни во Европа.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев првата транша од кредитот ќе ја добие во мај или почетокот на јуни.

Во пакетот санкции вклучена е забрана за поморски услуги за руската нафта, која ќе се спроведува во целосна координација со Г7 и Коалицијата за ограничување на цените.

Со новиот пакет санкционирани се 60 физички и правни лица кои го поддржуваат рускиот воен и индустриски комплекс во агресијата против Украина. На списокот додадени се 20 кредитни или финансиски институции на кои се применува забраната за трансакции

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шок во Барселона: Јамал се повреди, ќе биде ли спремен за СП?
Следна Статија Mинистерот за економија се закани дека ако има злоупотреби од трговците, ќе ја ограничат профитната маржа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Уапсена поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ Фредерика Могерини

Поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, беше едно од трите лица уапсени од белгиската полиција во вторник, во…

December 2, 2025
СВЕТ

Британскиот крал Чарлс Трети му ги одзеде титулите на принцот Ендру и нареди иселување од палатата

Кралот на Велика Британија, Чарлс Трети, на својот помлад брат, принцот Ендру, му ги одзеде сите титули и почесни одликувања…

October 31, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Осум деца се убиени во пукотница во САД

Полициската управа на Шривпорт (SPD), третиот најнаселен град во американската држава Луизијана, соопшти дека жртвите се на возраст од 18…

April 19, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Расте бројот на жртви од разорниот земјотрес на Филипините

Бројот на жртви по силниот земјотрес што го погоди јужниот дел на Филипините се зголеми на најмалку 16 лица, а…

June 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?