Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан со скандалозни информации за Шведска: Mафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан со скандалозни информации за Шведска: Mафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство
СВЕТ

Орбан со скандалозни информации за Шведска: Mафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство

Објавено September 16, 2025 23:17
Сподели
Сподели

Ова се Швеѓаните кои ни држат предавања за владеењето на правото. Вест на неделата е дека во Шведска 284 малолетни девојчиња се уапсени за убиство – објави вчера на Х унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Не затоа што сите тие заедно убиле едно лице, туку секое посебно. Само прочитајте за тоа. Мафијата ги користела за да ги застрела своите жртви бидејќи малолетничките не можат да бидат осудени“, додаде Орбан.

Според него, ова е начинот на кој се распаднала Шведска, а откако тоа се случува, она што останува е варварство.

„Тие се одјавија од цивилизацијата. Ова е крај на процес што започна, Господ знае кога. Фазите на тој распад ги видовме, чекор по чекор, во последните 15 години. Ова е повлекување на европската цивилизација, варварство. О, патем, ова се Швеѓаните кои ни држат предавања за владеењето на правото“, рече Орбан.

На ова реагираше шведскиот премиер Улф Кристерсен:

„Ова се скандалозни лаги. Не е изненадувачки што доаѓаат од човекот кој го уништува владеењето на правото во сопствената земја. Орбан е очаен пред претстојните унгарски избори“, рече Кристерсен.

По неговата реакција, Орбан повторно се огласи:

„Напуштањето на традиционалните вредности, занемарувањето на здравиот разум и слабото управување доведоа до вкоренување на варварството во домот на една од најголемите европски нации. Криминалните банди користат малолетни девојчиња како инструменти за убивање.

Мисијата на владеењето на правото е да ја обезбеди безбедноста на нашите луѓе. Таму каде што малолетните девојчиња систематски се користат за убиство, владеењето на правото е мртво.

Шведска е наш пријател, а шведскиот народ е голема и благородна нација.

Загрижени сме за вас!

Бог да ја благослови Шведска!“, напиша Орбан

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Почина гениј“: Холивуд се простува од Роберт Редфорд
Следна Статија „Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Ја поддржуваше Украина и беше против војната“: Кој е „рускиот Џејми Оливер“ чие тело беше пронајдено во хотел во Белград

Познатиот руски ТВ готвач Алексеј Зимин (52), кој отворено се спротивстави на војната во Украина, а потоа живееше во егзил…

November 13, 2024
СВЕТ

(Видео) Американци: Историска заплена на иранско оружје наменето за Хутите

Американската војска објави дека Националните сили на отпорот (NRF) на Јемен, предводени од генералот Тарек Салех, успешно пресретнале и заплениле…

July 17, 2025
СВЕТ

Маск: Британија оди во целосен сталинизам

Илон Маск ја продолжи својата расправија со британската влада обвинувајќи ја дека навлегла во тотален сталинизам со зголемување на данокот…

November 19, 2024
СВЕТ

Бајден му честиташе на Трамп за победата на изборите и го покани во Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговарал со Доналд Трамп, кој победи на претседателските избори во САД, јавија американските медиуми. Бајден…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?