– Женската македонска репрезентација го освои првото место во својата група во рамки на Светското училишно првенство што се одржува во Скопје. Избраничките на селекторката Даниела Новеска во дуелот од третото коло ја совладаа Словачка со убедливи 29:13, полувреме 11:7.
На тој начин со три победи и без загубен бод македонската селекција го потврди првото место во групата.
Утре е слободен ден на шампионатот, додека в недела македонскиот состав во четвртфиналето ќе игра против Бразил или Романија.