Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: При ископување дошло до затрупување на работници: Со брза реакција на службите, избегната поголема трагедија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > При ископување дошло до затрупување на работници: Со брза реакција на службите, избегната поголема трагедија
ХРОНИКА

При ископување дошло до затрупување на работници: Со брза реакција на службите, избегната поголема трагедија

Објавено April 24, 2026 18:55
Сподели
Сподели

Драматична била ситуацијата утринава на градилиште во Кисела Вода, каде при ископување дошло до затрупување на работници.

Според информации од терен, полицијата и пожарникарите пристигнале за неколку минути по пријавата и веднаш започнале со извлекување на затрупаните. Очевидци велат дека службите реагирале веднаш по пристигнувањето.

Неофицијално, токму брзата интервенција во првите минути направила разлика, со оглед дека секое дополнително доцнење сериозно би ја влошило состојбата на затрупаните.

Пожарникарите што учествувале во извлекувањето, сведочат дека со рачни алати копале во земјата за да стигнат до затрупаните.

Беше потресна глетка. Имено, акција траеше четириесетина минути, а во неа беа вклучени седуммина пожарникари. За да ги извлечеме од под земја, користевме рачни алати. Кога ги извадивме, тројцата беа контактибилни, но вознемирени и исплашени, додека четвртиот беше мртов. Повредените беа пренесени во Ургентниот центар – изјави командантот на Градската противпожарна бригада, Ѕвонко Томевски.

Според Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во 8:17 часот, по што веднаш биле ангажирани сите надлежни служби.

Денеска (24.4.2026) во 8:17 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улицата „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели, со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Бригадата за противпожарна заштита, се преземаат мерки за вадење и на третото лице – беше првата информација до медиумите од МВР.

Во тек е увид на надлежните институции, кои треба да ги утврдат причините за несреќата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не побараа експертско мислење пред да ги предложат законските измени за државјанствата
Следна Статија Исти аршини за сите за влез во ЕУ, како за земјите од Западен Балкан, така и за Украина, вели Бабиш

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Манев за убиството на Панче: Како што беше легнат Палчо му испука куршум!

Вечерта пред да биде убиен Панче Жежовски, беше среда, дома кај мене дојдоа Видески, а потоа со „кангуто“ и Палчо…

March 24, 2025
ХРОНИКА

Во тек голема полициска акција во Тетово и Охрид, има приведени

Припадници на специјалните полициски сили од утрово спроведуваат акција во Тетово и Охрид. -Под раководство на јавен обвинител од Основното…

October 17, 2024
ХРОНИКА

„За коса ја извадил од такси возилото, ја удрил со глава и ја пукнал левата аркада“, Обвинителството поведе постапка против скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда според…

October 16, 2024
ХРОНИКА

Исчезна девојка која имала здравствени проблеми

На 21.01.2025 во 12 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Т.(49) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?