Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Со антиевропска влада Националниот совет за евроинтеграции има само протоколарна улога
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Со антиевропска влада Националниот совет за евроинтеграции има само протоколарна улога
ПОЛИТИКА

Филипче: Со антиевропска влада Националниот совет за евроинтеграции има само протоколарна улога

Објавено April 26, 2026 17:15
Сподели
Сподели

Националниот совет за евроинтеграции, во моментов има само протоколарна улога, имаме состаноци на кои што доаѓаат амбасадори на европски земји меѓутоа нема материјал врз основа на кој што можеме и треба да работиме,нема закон поднесено, власта не работи на реформската агенда, посочи претседателот на СДСМ и претседател на Националениот Совет за евроинтеграции, д-р Венко Филипче, во одоговор на прашање на денешната Национална дебата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ – „Гласот на граѓаните во Собранието“, организирана од Институтот за европска политика (EPI).

Филипче во одговорот ги презентираше и искуствата како во другите земји како функционира Националниот совет за евроинтеграции.

Во продолжение е интегралниот одговор на Филипче:

„Националниот совет за евроинтеграции, за жал, во целокупниот контекст на работите има само протоколарна улога. Имаме состаноци на кои што доаѓаат амбасадори на европски земји и кога ги објаснуваат приоритетите на претседателствата, меѓутоа нема материјал врз основа на кој што можеме и треба да работиме.

Колку за илустрација, на еден од состаноците министерот за правда не се појави. Не се појави човекот, а требаше да се разговара за законите од областа на правосудството. Суштинска улога Националниот совет ќе има кога ќе започнат преговорите со Европската Унија. Зошто? Поради тоа што тоа ќе биде телото или некој пандан, ама тело во кое што ќе седат сите политички партии и ќе дебатираат. И имавме одлична сугестија, предлог од Хрватска, со која имаме одлична соработка. Тамошниот водач на целокупниот процес на преговорите, неколкупати беше кај нас и кажа вака, Националниот совет во Хрватска за време на пристапните преговори го сочинуваа сите политички партии, како што е кај нас, се водеше од опозицијата, како што е кај нас, но ние одлучивме да биде да бидат седниците затворени, не нетранспарентни. Значи, после седницата да се информира јавноста. Меѓутоа, ние заклучивме дека за да не прерасне во арена за партиско надмудрување, нека бидат затворени. Зошто? За да се стави фокусот на работата.

Ајде законите кои што ќе дојдат од министерствата како да се разгледаат, како да се анализира дали се имплементирани препораките од Европа, како стручната јавност да се вклучи, нека биде тоа еден затворен состанок, фокусиран, стручен, аналитичен и после тоа да се информира јавноста. Така што Националниот совет, за жал, во ситуација кога имаме антиевропска влада, е само про форма, ништо друго. Не можеме ништо да направиме. И кога на реформската агенда не се работи, нема закон поднесено, на што ќе дебатираме ние? Нема донесен закон. Неколку закони само поминаа минатата, минатата година. Така што, во тој момент кога ќе се отвори процесот на преговори, кога ќе стигне материјал, закони од владата, формата ја има. Суштината тогаш ќе ја појачаме и ќе ја имплементираме“, рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп по пукањето: Мислев дека некој испуштил послужавник, напаѓачот морал да помине низ многу работи за да стигне до мене
Следна Статија Јане Ченто ќе ја тужи Вилма Рускоска за 27 април

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче промовира Фронт за слобода и правда

Долготрајната соработка со НСДП, според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е доказ дека споделуваат еднакви вредносни политики. ​Коалицијата и соработката,…

May 31, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Скопје нема време за експерименти, потребна е работа и резултати

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера упати благодарност до граѓаните на Чаир за поддршката и…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

Чашата ќе се прелее, оваа одмазда против Албанците не и помага на државата, вели Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од Струга испрати остро предупредување до македонските политички структури, обвинувајќи ги за системска одмазда и…

May 10, 2025
ПОЛИТИКА

Чупеска од СДСМ ги смета локалните избори за успех

Иако по преброените гласови, ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во 54 општини, Ана Чупеска од СДСМ синоќа во „Претрес“ рекла дека СДСМ…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?