Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Брисел и Софија ги прифатија аргументите на министерот Николоски за пругата кон Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Брисел и Софија ги прифатија аргументите на министерот Николоски за пругата кон Бугарија
ЕКОНОМИЈА

Брисел и Софија ги прифатија аргументите на министерот Николоски за пругата кон Бугарија

Објавено November 1, 2024 09:20
Сподели
Сподели

Вчера во Софија се одржа состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото поврзување, информираат од Министерството за транспорт.

Имено, трите клучни аргументи на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски беа прифатени. Прво, мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот дел од пругата и трето да се ревидира цената која е превисока како и ревидиирање на самиот проект.

По проценката на ризиците, изградбата на тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија е поефикасно да биде од еден изведувач. Ова беше заклучено на состанокот во Софија помеѓу македонската и бугарската делегација, а во однос на преговорите за железничко поврзување меѓу двете земји со посредство на Европската Унија.

На состанокот, од македонската страна предводена од Државниот секретар во Министерството за транспорт, Стефан Волкановски и директорот на Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, беше истакнато дека Македонија не отстапува од железничкото поврзување и на овој проект се гледа како регионален проект со кој се потенцира развојот на европските транспортни мрежи.

На состанокот од двете страни беше прифатено целиот проект во делот фаза 3 (делница Крива Паланка – Деве Баир), да биде преиспитан од причина што сегашната цена е превисока и неразумна со интенција истата да се намали.

Двете делагции, исто така се согласија да се користи одлуката за технички проект за тунелот поднесен од ЈП Железници Инфраструктура.

На состанокот беше договорено двете земји да формираат работни групи со цел да се подготви потребната документација за тунелот.

За време на состанокот, страните разменија информации, временски рамка за изградба, а споделија и искуства во однос со техничките прашања за изградбата на коридорот 8, а посебно во делот на процедурите за идното функционирање на прекуграничниот тунел „Деве Баир“.

Страните, исто така се договорија постигнатите договори да ги презентираат пред одговорните финансиски институции на ЕУ, се вели во соопштението на ресорното министерство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Римската брана ја издржа поплавата во Валенсија: стара е 2.000 години
Следна Статија Серија земјотреси во Србија, почувствувани и во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: До 2026-та ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан, ќе го олесниме транспортот и трговијата за нашите компании

Претседателот на Влaдата, Христијан Мицкоски, потпретседателот на Владата, Александар Николоски, директорот на Царинската управа Бобан Николовски и Масимилијано Паолучи директорот…

October 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката

Народната банка дисеминира статистички податоци според највисокиот стандард на Меѓународниот монетарен фонд, беше посочено на состанокот помеѓу гувернерката на Народната…

October 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Објавено е најновото рангирање: Која земја е најиновативна во светот?

Шест од десетте најиновативни земји во светот се европски, но Кина се најде на листата за прв пат, исфрлајќи ја…

September 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Инвестиции во нова железничка линија и градски воз за почист воздух

Премиерот Христијан Мицкоски денес направи увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз. -Јас би сакал само да им…

November 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?