Украинските сили извршиле уште напад со дронови на руската нафтена рафинерија во Туапсе на Црното Море, предизвикувајќи пожар, соопштија локалните власти.
Станува збор за последен од серијата напади извршени изминатите недели врз рафинеријата на „Роснефт“ и на пристаништето Туапсе, што предизвикаа излевања нафта во морето и интензивни неколкудневни пожари.
Рафинеријата има годишен капацитет од околу 12 милиони метрички тони (околу 240 илјади барели дневно) и произведува нафтени деривати како дизел, мазут и вакуумско гасно масло.
Според информациите, рафинеријата не работи од 16 април по тогашниот напад со дронови.
Украина последните месеци ги засили нападите врз руска територија, откако мировните преговори посредувани од Соединетите Американски Држави се најдоа во втор план поради блискоисточниот конфликт.
Рафинеријата во Туапсе е еден од клучните капацитети на рускиот извоз на нафта.
