Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Повикани се 14 лица за случајот со насилство врз ученичка во Ѓорче Петров
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Повикани се 14 лица за случајот со насилство врз ученичка во Ѓорче Петров
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Повикани се 14 лица за случајот со насилство врз ученичка во Ѓорче Петров

Објавено April 28, 2026 12:52
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека 14 лица се повикани на разговор во врска со случајот на врсничко насилство врз шестоодделенка во скопската населба Ѓорче Петров. Меѓу повиканите се и родителите на трите ученички кои се осомничени за малтретирање на нивната соученичка.

Тошковски посочи дека истрагата е во тек и дека за дел од повиканите може да следуваат соодветни процесни дејствија. Во случајот е вклучено и Јавното обвинителство, кое постапува по насока на надлежен јавен обвинител.

– Станува збор за малолетници, па јавноста ќе биде информирана внимателно и со ограничени детали – изјави министерот, нагласувајќи ја чувствителноста на случајот.

Тој потенцираше дека полицијата има континуиран фокус и на врсничкото насилство, иако во јавноста во последно време доминираат теми поврзани со семејно насилство.

Според него, решавањето на ваквите случаи бара координиран и системски пристап од сите релевантни институции – образовни, социјални и безбедносни. Особено ја истакна улогата на родителите во воспитувањето и однесувањето на децата.

– Потребно е сите општествени чинители да се вклучат во справувањето со овој проблем, кој е присутен, иако не секогаш е видлив во јавноста – рече Тошковски.

Тој додаде дека институциите мора заеднички да работат на едукација, превенција и јасно дефинирање на границата меѓу прифатливо и неприфатливо однесување кај младите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска завршни зборови на рочиштето за смртта на Ивана
Следна Статија Најголем дел од загинатите во „Пулс“ починале од задушување со јаглерод моноксид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Велигденско послание на г.г Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископоот охридски и македонски, г.г. Стефан, и членовите на Светиот архијерејски синод,…

April 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Скопје вечерва е 7-от најзагаден град во светот

Скопје вечерва е 7-от најзагаден град во светот на листата на air visual.  Њу Делхи во Индија и Лахоре во…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Општина Ѓорче Петров ќе додели по 8.000 денари за секое новороденче

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека по 8000 денари финансиска поддршка ќе добијат семејствата за секое новороденче.…

January 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Опожарени два контејнери во Дебар Маало

Пред неколку часа, непознати сторители опожариле два сада наменети за одлагање комунален отпад во скопската населба Дебар Маало. Контејнерите се…

December 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?