Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не ја турнал од балконот, но ја навел на трагичен исход: Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Не ја турнал од балконот, но ја навел на трагичен исход: Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски
ХРОНИКА

Не ја турнал од балконот, но ја навел на трагичен исход: Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски

Објавено April 28, 2026 14:59
Сподели
Сподели

Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара максимална казна за Стојане Јовановски, кој се товари за три кривични дела поврзани со случајот со падот од тераса на неговата сопруга Ивана и нивната шестгодишна ќерка Катја.

Јовановски е обвинет за нанесување телесна повреда како резултат на семејно насилство, загрозување на безбедноста и наведување на самоубиство.

Обвинителството предлага максимална казна за сите три кривични дела, не само заради Ивана и Катја, туку и како порака до општеството дека физичкото насилство не смее да се толерира – рече обвинителката.

Според обвинителството, обемниот доказен материјал покажал дека Ивана подолго време била изложена на физичка и психичка тортура, како и на постојан страв дека ќе остане без дом и без своето дете, што на крај довело до трагичниот исход.

Обвинетиот не ја турнал од балконот со рацето, но доказите покажуваат дека ја довел во состојба во која таа повеќе не можела да види излез. Последицата е директен резултат на неговото насилство – посочи обвинителката во завршните зборови пред судот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со овој состав Вардар оди на победа во Монпеље
Следна Статија Ова е златната виза на Филипче за Дубаи, ја добил во 2023 година да биде директор на фирма за инвестиции и менаџмент

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

„Ме удираш по бубрези како што татко ти те удирал тебе“ – ново видео од Ивана и Стојанче пуштено во судница

Во рамки на судскиот процес за смртта на Ивана Јовановска, Обвинителството презентираше нов видеодоказ, на кој таа го обвинува сопругот…

April 15, 2026
ХРОНИКА

Почина пејачот Шпат Касапи, син на екс пратеничка на СДСМ

Познатиот поп пејач Шпат Касапи, почина денеска рано наутро по срцев удар. Шпат Касапи е роден на 1 мај 1985…

November 26, 2025
ХРОНИКА

Тошковски: Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор

Министерството за внатрешни работи досега има уапсено 18 лица поврзани со инцидентите на Денот на албанското знаме, од кои четворица…

December 4, 2024
ХРОНИКА

За 15-на лица кои биле во дискотеката се бараат информации на социјалните мрежи

Низ социјалните мрежи денеска излегуваат фотографии на млади лица за кои се тврди дека биле во дискотеката Пулс во Кочани…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?