Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц во изјава за Телевизија Канал 5 вели дека интервјуто дадено за бугарска телевизија е снимено пред повеќе од седум недели и дека не е јасно зошто е објавено дури сега.
Според него, изјавите во кои се зборува за оценка дека земјата нема напредок во реформите се дадени на почетокот на март и дека тогаш ја одразувале моменталната состојба.
– Интервјуто е од пред повеќе од седум недели и ја покажува проценката за моментумот на почетокот на март – вели тој.
Вајц додава и дека е изненаден што интервјуто е објавено токму пред неколку дена.
– Мислам дека не е многу професионално, ни беше кажано поинаку. Бев малку изненаден што е објавено пред неколку дена. Но, да за жал изгледа дека има некаква агенда зад тоа – вели Вајц во интевју за Канал 5.
Според него, Македонија бележи напредок во реформскиот процес и има дополнително време да ги исполни потребните обврски во рамки на реформската агенда до јуни.
Во интервјуто за Канал 5, кое беше објавено деновиве, Вајц зборува за извештајот за напредокот на Македонија во европскиот парламент, но и за амандманот кој тој самиот го поднесе за да се направи јасна дистинкција дали протоколот потпишан со Бугарија е дел од преговарачката рамка на земјава.
Претходно, кабинетот на Марта Кос го демантираше Жерновски за „тројанските коњи“.
