Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата воведува нов систем за избор и следење на капитални проекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Владата воведува нов систем за избор и следење на капитални проекти
ЕКОНОМИЈА

Владата воведува нов систем за избор и следење на капитални проекти

Објавено April 29, 2026 13:19
Сподели
Сподели

Можност за реализација на јавни инвестиции во вредност од 3,3 милијарди евра во наредните пет години беше презентирана на седница на Комитетот за јавни инвестиции, новоформирано тело кое ќе ги селектира и следи капиталните проекти од стратешко значење.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека со ова започнува нова пракса во управувањето со јавните инвестиции, преку воведување алатка за следење на нивната реализација.

„Вкупната вредност е 3,3 милијарди евра за следните пет години, при што најголемиот дел се однесува на проекти во градежништвото, со над 600 милиони евра годишно. Ќе мора да се мобилизираме за нивна реализација. Владата ќе обезбеди финансирање, но растот на БДП ќе зависи и од ефикасноста на изведувачите“, нагласи Мицкоски.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска појасни дека ќе се воведе нов модел на одлучување за капитални проекти со вредност над пет милиони евра, со цел поголема транспарентност и подобро буџетско планирање.

Таа истакна дека станува збор за проектни идеи кои допрва ќе се оценуваат, а не за веќе финансирани проекти, при што Комитетот – составен од сите министерства – ќе одлучува кои од нив се приоритетни и изводливи, во согласност со буџетските можности.

Според премиерот, разгледуваната листа е резултат на координиран институционален пристап и опфаќа клучни сектори. Во транспортот се планира модернизација на железницата, набавка на нови локомотиви и реконструкција на делници, како и поврзување преку Corridor 8 и Corridor 10.

Во образованието се предвидени инвестиции за доизградба на ФИНКИ, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Универзитет „Мајка Тереза“. Во здравството, фокусот е ставен на регионалните клинички болници во Тетово, Штип и Кичево.

Дигиталната трансформација ќе се реализира преку воспоставување владин податочен центар, зајакната мрежна инфраструктура и кибербезбедност, со цел поефикасна администрација. Во земјоделството и водостопанството, инвестициите ќе опфатат системи како Злетовица и Стрежево, како и ревитализација на водните ресурси.

Во енергетиката, преку проектите на АД ЕСМ, се предвидува зајакнување на енергетската независност преку нови капацитети, обновливи извори и модернизација на постојната инфраструктура.

Комитетот за јавни инвестиции е формиран согласно Законот за буџетите и работи врз основа на уредбата за управување со јавни инвестиции, со цел воспоставување поефикасен и отчетен систем за трошење на јавните средства.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се роди Ѓорѓе Балашевиќ (ФОТО)
Следна Статија МВР: Лажна дојава за бомби во повеќе училишта во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Просечната откупна цена на тутунот е 420 денари

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна на темата со откупот на тутунот. Тој посочи дека…

January 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

Јорданоски: Ниски откупни цени, неорганизиран пласман и нелојална конкуренција дел од предизвиците во земјоделството

Она што може да се дефинира како значајни проблеми и предизвици во делот на пласманот на земјоделското производство се ниски…

December 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа…

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Бројот на странски туристи зголемен за 15 отсто

Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?