Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Клиничката болница во Тетово ќе се реконструира за околу 74 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Клиничката болница во Тетово ќе се реконструира за околу 74 милиони евра
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Клиничката болница во Тетово ќе се реконструира за околу 74 милиони евра

Објавено May 2, 2026 17:44
Сподели
Сподели

Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно реконструирана, модернизирана и функционално реорганизирана преку стратешки проект вреден 4,56 милијарди денари, односно околу 74 милиони евра, вели министерот за здравство, Азир Алиу во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Според министерот Алиу, станува збор за проект кој треба трајно да го промени начинот на обезбедување здравствени услуги во Полошкиот регион.

Министерот Алиу посочува дека проектот ќе се реализира според најдобрите меѓународни практики, преку комбинирање на државни средства и финансии од меѓународни финансиски институции, структурирани на одржлив и долгорочен начин.

Со проектот е предвидена целосна реконструкција и модернизација на постојните објекти, набавка на современа медицинска технологија и опрема, како и функционално поврзување на болничките објекти со топли коридори, со цел побезбедно и поефикасно движење на пациентите и здравствениот персонал. Дополнително, ќе се изградат и две нови современи згради.

Од раздвоени и амортизирани објекти одиме кон интегриран, функционален систем подготвен за иднината. Од систем што доцни, кон систем што реагира навреме“, нагласува министерот Алиу.

Според него, оваа инвестиција ќе создаде нова регионална здравствена установа во која граѓаните од Полошкиот регион ќе можат да добијат квалитетна здравствена услуга навремено и поблиску до местото на живеење.

Министерот Алиу потенцира дека проектот има и значајна развојна и образовна димензија. Во соработка со Универзитетот во Тетово, професорите и студентите по медицина за првпат ќе добијат модерни и достоинствени услови за работа, практична обука и подготовка според стандардите на современото здравство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ воведува нови правила од 1 јули за возачите на комбиња
Следна Статија (ВИДЕО) Словачкиот премиер Роберт Фицо работел ноќна смена во пекарница за Први Мај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Милиони луѓе во ризик поради SMS врски за најавување

Дури и познати услуги со милиони корисници се изложени на безбедносни закани.

January 23, 2026
ЗДРАВЈЕ

Нутриционисти ги откриваат петте најздрави јаткасти плодови

Јаткастите плодови се неизоставен дел од здравата исхрана. Имајќи го предвид нивниот фантастичен вкус, воошто не нè чуди фактот што…

November 7, 2024
ЗДРАВЈЕ

Стоматолошка комора: Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности

Имавме неколку контроли и не беа констатирани неправилности, изјави на денешната прес-конференција, претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски. Прес-конференцијата следи…

August 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Велес: Гинекологот и ја сошил матката со мочниот меур – ќе и плати 15.000 евра

Гинеколог од Велес на млада пациентка и ја сошил матката со мочинот меур за време на едно породување кое го…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?