Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тројца полицајци добија условна казна затвор за „Пулс“ – обвинети за неизвршување службена должност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тројца полицајци добија условна казна затвор за „Пулс“ – обвинети за неизвршување службена должност
ХРОНИКА

Тројца полицајци добија условна казна затвор за „Пулс“ – обвинети за неизвршување службена должност

Објавено May 5, 2026 15:45
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни за злоупотреба на службената положба сите тројцата полицајци од Кочани и на Кире Богатинов и Горан Лазаров им изрече условна казна затвор од една година, а на командирот на ПС Кочани Александар Темелков – условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во период од четири години не стори ново кривично дело.

На објавата на првостепената пресуда во Кривичниот суд денеска не присуствуваше ниту еден од обвинетите и нивните бранители.

Судијката Лидија Петровска, во образложението на пресудата рече дека Судот ги ценел како олеснителни околности, тоа што обвинетите не се осудувани претходно, се семејни луѓе, како и тоа што нивните дејствија не резултирале со непосредни штетни последици што би можеле да се доведат во директна причинско-последична врска со пожарот во дискотеката „Пулс“.

– Обвинетите своите службени должности ги извршиле само привидно. Формата била запазена, но суштината изостанала. Формалното постапување што не води кон резултат не претставува извршување на должноста, туку нејзино неизвршување. Како последица на ваквото постапување, не била поведена прекршочна постапка против носителот на дејноста и одговорното лице, со што им била овозможена некаква имотна корист во вид на неповедување на прекршочната постапка. Помеѓу неизвршувањето на службената должност од страна на обвинетите и оваа последица постои причинско-последична врска – изјави судијката.

Кога службеното лице, нагласи таа, постапува површно, без целосно утврдување на фактите и без да ја постигне законската цел на постапувањето, тоа не е технички пропуст, туку неизвршување на службената должност.

-Кога службеното овластување се сведува на форма без содржина, правната заштита станува привид, а одговорноста е изиграна. Површното извршување на службената должност создава впечаток дека некои субјекти се „недопирливи“ и се надвор од дофатот на законот. Во правна држава тоа не смее да постои – нагласи Петровска.

По однос на обвинетите Кире Богатинов и Горан Лазаров, кои како службени лица, согласно анекс-плановите од 05.10.2023 година и 24.11.2023 година, биле задолжителни за спроведување на контролите во угостителските објекти, меѓу кои и во дискотеката „Пулс“, Судот утврдил дека обвинетите постапиле спротивно на јасно пропишани обврски.

-Иако констатирале прекршок, тие не утврдиле кое правно лице ја врши дејноста, ниту кој е одговорното лице во тоа правно лице, бидејќи не извршиле увид во соодветна документација. И покрај тоа, во записниците внеле податоци што не произлегуваат од официјален документ, повикувајќи се на „општо познат факт дека лицето Дејан Јованов е сопственик на дискотеката“. Поради таквиот пристап обвинетите ја насочиле постапка кон правен субјект кој во моментот не ја вршел дејноста и бил неактивен – објасни судијката.

По однос на обвинетиот Александар Темелков кој бил командир на полициската станица Кочани, од изведените докази, судот утврдил дека тој располагал со податок и имал претходни сознанија за тоа кое правно лице ја врши дејноста, бидејќи претходно упатил барање до Министерството за економија и му биле доставени и старата и новата лиценца од кои документи можело лесно да се утврди кое правно лице е носител на лиценцата, па врз основа на тоа да се прибави и тековната состојба за субјектот кој ја обавувал дејноста.

-Но и покрај тоа обвинетиот Александар одобрил поведување постапка против правен субјект кој во моментот на контролата не ја вршел дејноста, односно барањата не се поднесени према правното лице ДПТУ ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани и одговорното лице Митко Стојанов – образложи судијката.

Обвинетите, исто така, се задолжуваат секој поединечно да ги надоместат судските трошоци на постапката во износ од по 7.000 денари.

Против пресудата е дозволена жалба до Апелациониот суд во Скопје.

Во завршните обраќања јавниот обвинител, Спасенка Андонова, побара осудителна пресуда поради неизвршување на службената должност, а одбраната побара ослободување на обвинетите оценувајќи дека вината не е докажана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Охрид СОС: Во подножјето на Галичица се одзема буквално секоја педа за да се изградат што повеќе згради
Следна Статија Јасмина Костадинова осудена на 10 месеци затвор за примање мито за ИПАРД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Опожарени две возила „рено кангу“ и БМВ, интервенирале пожарникари

Пожар на две патнички моторни возила бил пријавен денеска кај фабриката Охис за што интервенирала единицата на Против - пожарната…

March 5, 2025
ХРОНИКА

Еден починат и тројца повредени во сообраќајна несреќа кај Градско

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа 10 минути по полноќ на локалниот пат село Горно Чичево кон Долно Чичево во…

August 28, 2025
ХРОНИКА

Поднесено е обвинение за Стојанче Јовановски за сурово насилство и наведување на самоубиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице (Стојанче Јовановски) на кое му се ставаат на…

March 13, 2026
ХРОНИКА

Куќен притвор за Артан Груби, Обвинителството со детали

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот…

February 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?