Министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, изјави дека не е против предвремени избори и според него, колку побрзо се одржат избори, толку подобро ќе биде за државата и економијата.
Лимани рече дека во случај на избори ќе има освежување во ВЛЕН, но и во другите политички партии.
На прашањето дали ќе настапи со ВЛЕН на следните избори, Лимани кусо одговори: „Одамна заврши времето на јас и ВЛЕН“.
