Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рокас побара политичко обединување за уставни измени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Рокас побара политичко обединување за уставни измени
МАКЕДОНИЈА

Рокас побара политичко обединување за уставни измени

Објавено May 6, 2026 16:15
Сподели
Сподели

Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблиску до таа цел отколку што мислиме. Сметам дека е потребно малку прагматизам и политичко обединување – изјави евроамбасадорот Михалис Рокас на конференцијата „30 години на европскиот пат: односите Македонија – ЕУ и патот напред“, во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

– Во изминатите 20-25 години надежите и ентузијазмот беа високи, но исто така имаше и неуспеси и разочарувања во текот на годините и прашањето е како можеме да ги надминеме прашањата и да одиме напред бидејќи нема соменвање дека Македонија припаѓа на европското семејство и, всушност, сме многу поблиску отколку што мислиме – рече Рокас.

Според него, она што недостига во овој момент е малку прагматизам, одлучност и желба да има обединување на политичкиот спектар, со цел, како што рече, да го направите последниот одлучувачки чекор напред.

– Но убаво е да се рефлектираме и на историјата бидејќи сметам дека граѓаните понекогаш забораваат дека Европската Унија е постојан, близок партнер и пријател, како и кредибилен и веродостоен партнер во сите аспекти – од моменти на кризи до Охридскиот договор, потоа пржинскиот договор, но исто така и фактот дека економски сме присутни – 75 отсто од извозот од Македонија оди во ЕУ. Исто така, и компнии од ЕУ доаѓаат во земјата и инвестираат, затоа две третини од странските директни инвестиции доаѓаат од земјите членки на ЕУ – нагласи Рокас.

Тој потсети на отворањето на ЕУ-програмите како „Хоризонт“ и „Еразмус плус“, како и други, кои, според него, им помагаат на граѓаните и кои се враќаат назад во земјата да ги споделат знаењата стекнати во ЕУ.

– Потоа тука е и планот за раст на Западен Балкан, што е многу значајна помош од страна на ЕУ, за возврат треба да се исполнат реформи, тој е во износ од 6 милијарди евра, од кои голем дел оди и за Македонија. Тука се и други програми за финансиска помош, кои имаат влијание врз сите сфери од животот, што ќе може да бидат трансформирачки како што реформите ќе се имплементираат. Но парите не ја купваат љубовта, така што ќе мора да одговориме на аспирациите на граѓаните. Бидејќи и покрај растечкиит број на разочарани граѓани, според најновите анкети на јавното мислење, поголем дел сепак го поддржуваат приклучувањето кон ЕУ и оти тоа е единствен начин да се оди напред. Ова ни дава чувство на одговорност, бидејќи ние мора да испорачаме, истакна Рокас.

Според него, патот напред за Северна Македонија е веќе одлучен во 2022, што, како што рече, значи дека е постигнат договор, којшто да беше испорачан, земјава ќе беше фронтранер пред која било друга земја-кандидат, особено имајќи го предвид фактот што се уште не преговарате.

-Многу значајно е да се почнат преговорите, бидејќи кога ќе почнете да преговарате, тоа го менува моментумот, верувањето дека секој е во линија да ги испорача своите цели. Ако се уште сметате дека има пречка за вашето пристапување, напорите што се прават за тоа да се реши, се бавни, постојат и сомнежи, затоа треба да направиме пробив. Затоа, како и се друго во животот, проширувањето е политичка одлука, како и патот напред исто така е политичка одлука, но би рекол дека треба да сфатиме дека времињата значајно се променија. Живееме во ера кога меѓународниот систем базиран на владеење на правото е уништен и кога долгорочните пријателства се ставени под прашање. Така што нема сомневање дека ЕУ треба да одговори на овие предизвици, ставајќи силен акцент на проширувањето, и нема да дозволиме да има црни дупки на европскиот континент, рече Рокас.

Според него, треба да изградиме доверливи партнерства, но не како ЕУ, туку како Европа во целина.

-Во сето ова ние ве гледаме како партнери, пријатели, веруваме дека ние сме вашиот најкредибилен партнер низ годините и покрај разочарувањата, така што ве молам продолжете да верувате во тоа, ние сме тука со вас за да ја надминете последната пречка за да го доближиме членството поблизу до земјава, истакна Рокас.

Претседателот на Дипломатскиот клуб Скопје, амбасадорот Јован Теговски, истакна дека спориот чекор на нашиот напредок кон ЕУ носи ризици – замор од реформи, намалување на јавната доверба и зголемување на скептицизмот, ги зголемува ризиците за одредени наративи и странски влијанија што, според него, не се во линија со европските вредности.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Царинска управа: Уапсени три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина
Следна Статија Лимани е за предвремени избори: Јас и ВЛЕН одамна завршивме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На ГП Меџитлија во прекин сообраќајот за товарни возила

Сообраќајот на граничниот премин Меџитлија е во прекин за товарни моторни возила, соопштија утрово од Автомото сојузот на Македонија. Како…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Конференција за кочанската трагедија: Ја плативме сметката за девастиран систем, ова беше најтешкиот ден во мојот живот

Една година по катастрофалниот пожар во Кочани кој ја потресе целата нација, државниот врв порача дека болката останува, но и…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со рекордна гледаност во интервјуто на Лазаров

Претседателот на Влада и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, учествуваше во актуелниот подкаст „Лазаров“, кој забележа рекордна гледаност. Ова го привлече…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Полицијата со камери ќе ги лови погрешно паркираните возила, казните автоматски ќе пристигнуваат до граѓаните

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека проектот „Безбеден град“ ќе понуди повеќеслојно системско решение за поголема сообраќајна култура.…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?