Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Возач на камион од Македонија изгорел во кабина во Хрватска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Возач на камион од Македонија изгорел во кабина во Хрватска
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Возач на камион од Македонија изгорел во кабина во Хрватска

Објавено May 6, 2026 16:36
Сподели
Сподели

Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи вчера на автопатот А3 кај местото Среданац, во правец кон Брегана. Во несреќата учествувал камион кој по излетување од коловозот целосно изгорел, при што животот го загубил возачот кој останал заробен во кабината.

Според информациите од Полициската управа Брод-Посавина, несреќата е пријавена во 14:15 часот во подрачјето на општина Доњи Андријевци.

„Утврдено е дека засега непознатиот возач го возел камионот во јужна лента, по што тој излетал од патот по северната страна“, соопшти полицијата, додавајќи дека на местото се пронајдени регистарски таблички од Република Македонија.

Истрагата покажала дека камионот прво ја пробил централната заштитна ограда, удрил во столб за улично осветлување и преминал во спротивната лента. По лизгањето, возилото повторно удрило во заштитната ограда и во друг столб, по што избувнал пожар.

Камионот бил целосно проголтан од пламенот заедно со возачот. На терен интервенирале противпожарните единици и екипи на ХЕП поради оштетената електрична мрежа и паднатите далноводи.

Поради сериозноста на несреќата, сообраќајот на овој дел од автопатот беше во неколкучасовен прекин или се одвиваше под посебен режим додека траеше полицискиот увиди и санирањето на штетите.

Хрватската полиција продолжува со активностите за утврдување на идентитетот на починатиот и сите околности кои довеле до оваа тешка трагедија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На денешен ден погина Сашко Гешовски, првата жртва на распадот на Југославија
Следна Статија „Безбеден град“ до крајот на годинава ќе се воведе во цела Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Запленети 78 кг тутун за наргиле, поднесена кривична пријава до ОЈО

Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле со пазарна вредност од 810.698 денари. Против едно лице е поднесена кривична…

August 19, 2025
ХРОНИКА

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром. Според информациите од МВР, вчера во 17:00…

January 15, 2026
ХРОНИКА

IN MEMORIAM: Почина поранешниот јавен обвинител Воислав Гавровски

Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство. Гавровски беше роден на 28.06.1951 година во Тетово, а на…

March 4, 2025
ХРОНИКА

МВР: Осомничениот 26-годишник за повеќе кражби во скопско спроведен за издржување 3- дневен притвор

Полицијата соопшти дека вчера во 6.15 часот во село Кучевиште, скопско, е лишен од слобода Д.П.(26) од ова село кој…

December 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?