Оваа држава треба да биде бинационална држава со ново уставно уредување, порача за 24 Анализа лидерот на едно од крилата на АА Зијадин Села.
„Демографската реалност во Македонија е таква, бинационална држава со почитување на правата на сите што живеат во неа.
ТВ 24: Барате ли ново Уставно уредување?
Села: Да, барам.
На прашањето дека тоа е понуда за која Села како дел од Европскиот фронт го доби манадатот, Села вели дека фронтот имал платформа и програма и понуда.
Според Села Уставниот суд носи политички одлуки , а Претседателот на Уставниот суд не треба да биде претседател.
“Таков Претседател не заслужува Уставниот суд, тој не се однесува ни како Претсдател, ни како правник, туку како политичар. Во Уставниот суд одлуките се носат со етничка мајоризација и затоа мора да се одлучува со Бадинтер, вели Села.
Според него забелешките за законот за јазиците од Венецијанска комисја не се обврзувачки. А македонските претставнци биле дел од ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ. Села е дециден дека законот за јазиците мора да се спроведе цел.
