Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски ќе присуствува на отворањето на првата сезона на Плазма спортските игри за млади
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Мицкоски ќе присуствува на отворањето на првата сезона на Плазма спортските игри за млади
СПОРТ

Мицкоски ќе присуствува на отворањето на првата сезона на Плазма спортските игри за млади

Објавено May 8, 2026 08:38
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе  има свое обраќање на свеченото отворање на првата сезона на Плазма спортските игри за млади на Плоштадот „Македонија“ во Скопје.

По завршување на настанот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Свеченото отворање на првата сезона на Плазма спортските игри за млади во Македонија, најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа ќе се одржи на Плоштад Македонија со почеток во 12:00 часот.

Во присуство на високи државни претставници, спортски легенди, амбасадори на Игрите, институции, партнери и илјадници деца, Македонија и официјално станува дел од големото семејство на Плазма Спортските игри за млади.

Освен Мицкоски на настанот ќе се обратат и министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Плазма спортските игри за млади Здравко Мариќ и претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија Елена Мицковска.

По свеченото отворање предвидено е да има изјави за медиуми од познати спортски ѕвезди.

-Програмата ќе биде збогатена со музички настапи, палење на пламенот на Игрите, видео пораки од светски спортски ѕвезди и бројни спортски активности. Ве покануваме заедно да испратиме силна порака за спортот, пријателството, фер-плејот и иднината на младите – се вели во соопштението на Федерацијата на училишен спорт на Македонија

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска игра Ноле
Следна Статија Филипче: Мицкоски нема право да го блокира европскиот пат на 2 милиони граѓани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Лазаров: Катар е борбена селекција, нè очекува ептен неизвесен натпревар

Македонската ракометна репрезентација утре игра против селекцијата на Катар во 15:30 часот. Селекторот Кирил Лазаров потенцира дека противникот досега покажал…

January 22, 2025
СПОРТ

Илиевски: Евидентно е дека се уште недостасува искуство

Кошаркарите на Македонија го претрпеа и вториот пораз во претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. По поразот од Унгарија…

August 10, 2025
СПОРТ

Тотенхем водеше со 2:0 до 85-тата минута – ПСЖ го освои Суперкупот на Европа (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен освои уште еден европски трофеј, Суперкупот на УЕФА, со триумф по неверојатен пресврт во 90 минути и…

August 14, 2025
СПОРТ

Jaмал на потпишување на договорот дојде со баба му

18-годишниот Џамал Јамал се појави во просториите на клубот рака под рака со својата баба Фатима! Да, добро прочитавте –…

July 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?