Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот

Објавено May 9, 2026 11:07
Сподели
Сподели

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година. Иако финансиерот не одби за дополнителни средства, со премиерот и министерката за финансии најдовме решение преку синдициран заем од домашните комерцијални банки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“.

Според него, проектот бил оставен во целосен застој, а Владата затекнала состојба без ниту еден метар асфалт и со сериозни проблеми во реализацијата и финансирањето.

-Ако тргнувате од Кичево, тогаш на крајот на оваа година или почетокот на следната година, автопатот ќе биде завршен. Кога бевме изгласани како Влада имаше нула метри асфалт, истакна Николоски, додавајќи дека активната работа на терен започнала дури од октомври 2024 година.

Тој посочи дека за година и половина биле реализирани повеќе активности отколку во целиот претходен период и потенцира дека Владата се соочила со сериозни проблеми со финансирањето од страна на ЕКСИМ Банка.

-Реков дека за проблемите ќе зборувам кога ќе го завршиме, но морам да споменам еден проблем со кој што се соочивме, а тоа е дека имавме класична опструкција од финансиерот на проектот. Имено, овој проект кога е договаран, е договорен да се финансира со кредит од кинеската “Ексим Банка”. Имајќи предвид дека ние ги зголемивме активностите, побаравме оваа банка да ослободи средства во вредност од 175 милиони евра и за истото бевме одбиени. Најдоа образложение преку допис од претходната влада, дека не се потребни дополнителни средства. Точно, затоа што тогаш не се работело и не биле потребни. Затоа заедно со премиерот и министерката за финансии, ние веќе имавме сработено сценарио, а тоа е финансирањето да го обезбедат домашните комерцијални банки. Така што ова беше еден голем удар за проектот, но не дозволивме да се почувствува во реализацијата, истакна Николоски.

Во однос на цената, тој нагласи дека проценетата вредност изнесува 13,5 милиони евра по километар, што според вицепремиерот сè уште го прави најевтиниот автопат што моментално се гради во Македонија и регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коалицијата „Вреди“ денеска се обединува во еден политички субјект
Следна Статија (ВИДЕО): Парада на Црвениот плоштад во Москва, Путин рече дека верува во победа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Славески: Создаден простор да се намалат надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните

Советот на Народната банка донесе одлука за воведување нов модел на надоместици што банките ги плаќат за услугите на Македонскиот…

July 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Нови мерки за поттикнување на долгорочно штедење во денари

Советот на Народната банка ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за задолжителната резерва, со која дополнително се зајакнува…

August 20, 2025

ServiceNow во напредни разговори за стекнување на Armis во вредност од околу 7 милијарди долари

Израелскиот кибер-безбедносен единорог, кој минатиот месец обезбеди 435 милиони долари со вреднување од 6,1 милијарди, се подготвуваше за потенцијално

December 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бектел и Енка на средба со градежни компании, разговарале за Коридорите 8 И 10Д

На 29 април 2025 година, во кампот на Бехтел ЕНКА во Гостивар, се одржа значајна средба помеѓу менаџментот на компанијата…

April 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?