Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Летово нема возење со жичница на Водно – постои ризик да се откачи гондола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Летово нема возење со жичница на Водно – постои ризик да се откачи гондола
МАКЕДОНИЈА

Летово нема возење со жичница на Водно – постои ризик да се откачи гондола

Објавено May 9, 2026 11:21
Сподели
Сподели

Жичницата на Водно нема да биде пуштена во сообраќај во текот на летото, бидејќи проверките покажале сериозни оштетувања и ризик од откачување на гондола, изјави за СДК градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Според него, иако жичницата е во употреба 15 години, досега не бил направен сервис од производителот „Допелмаер“. По увидот на тим од австриската компанија, градските власти одлучиле таа да остане затворена.

Жичницата беше затворена на 25 април, а од ЈСП „Скопје“, кое стопанисува со неа, првично беше најавено дека нема да работи два дена. Сепак, по извршените проверки, одлучено е да не се пушта повторно во сообраќај.

„Побарав да дојдат претставници на ‘Допелмаер’, по што беше утврдено дека не бил направен сервис. Биле барани понуди од фирмата, но за џабе. Ниту еднаш не бил склучен договор за целосно сервисирање. Увидот покажа дека гумичките биле изедени и поради тоа доаѓало до триење на гондолите. Исто така не работеле и неколку сензори. Поради овие причини можело да се случи да се откачи гондола“, вели Ѓорѓиевски.

ЈСП „Скопје“ во моментов чека понуда од австриската фирма за тоа колку би чинело сервисирањето.

„Колку точно ќе трае сервисирање не можеме да кажеме, чекаме да ја добиеме понудата од ‘Допелмаер’, но сигурно е дека летово нема да работи“, додава Ѓорѓиевски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што открија документите за НЛО на Пентагон?
Следна Статија Високо збогатен ураниум префрлен од Венецуела во САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски не ја исклучува можноста Груби да се врати во Шутка

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал објаснување од МВР и АНБ зошто би бил загрозен Артан Груби во затвор и…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, вечерва на социјалната мрежа „Х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од 15 до 500 евра: МВР ги објави казните од „Безбеден град“

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

January 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

На пленарна седница помина Предлог-законот за соодветна и правична застапеност – прво читање

На пленарна седница попладнево помина Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во прво читање. Од говорница можеа да се слушнат…

June 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?