Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Македонскиот идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот, туку криминалот и корупцијата на власта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Македонскиот идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот, туку криминалот и корупцијата на власта
ПОЛИТИКА

Филипче: Македонскиот идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот, туку криминалот и корупцијата на власта

Објавено May 10, 2026 13:45
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција денеска истакна дека македонскиот национален идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот, туку криминалот и корупцијата.

Според него, власта на чело со Христијан Мицкоски намерно сакаат да ja изолираат земјава од Европа.

– Христијан Мицкоски и неговата криминална група ВМРО мора да разберат дека граѓаните многу јасно гледаат што тие прават. Намерно сакаат да ja изолираат земјава од Европа, за да ja сочуваат својата криминална банда на власт. Вметнувањето на малцинствата во Уставот со цел да се почитуваат нивните права не е загрозување на македонскиот национален идентитет. Напротив, тоа е зацврстување на нашиот национален идентитет. Кога малцинствата се дефинирани и се гарантирани со највисок правен акт на државата, тоа не не слабее туку, не прави посилни и ја зајакнува кохезијата во општеството, оцени Филипче.

Според него, единственото што е вистински загрозено со уставните измени е „криминалната група на ВМРО и Христијан Мицкоски лично“.

-Затоа што продолжувањето на европскиот пат значи примена на европски закони и правда. Значи европско јавно обвинителство пред кое нема да можат да командат ниту од собраниска говорница, ниту пак преку нивните јавни телевизиски настапи. Значи крај на наместените тендери, на партискиот грабеж на државни, народни, граѓански пари, рече тој.

Филипче обвини дека Мицкоски и неговата група свесно ја блокираат европската иднина на земјава, „за да ја продолжат кражбата на народните пари“.

-И токму затоа националниот идентитет им служи само како изговор за да ја зачуваат власта и да продолжат со своите криминални интереси. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема дозволи нашиот идентитет да се користи како штит за криминал и корупција. Македонскиот идентитет е најсилен кога е дел од Европа, а не кога е затворен во изолација и сиромаштија, рече Филипче на прес-конференцијата.

На новинарско прашање дали смета дека новиот премиер на Бугарија Румен Радев, чија победа ја честиташе, е најдобриот согворник со оглед дека
тој е политичар кој претходно зборувал за македонскиот јазик како бугарски дијалект, тој рече дека политичарите во секоја земја си ги избираат граѓаните, оценувајќи дека ние немаме работа со Бугарија, туку со Европа.

-Ние немаме работа со Бугариј,а, тулу со Европа. Ние треба да исполниме европски барања. Ние треба да исполниме договори коишто ги изгласале сите земји членки на ЕУ, секако вклучувајќи ја и Бугарија. Што имаме ние да разговараме посебно со Радев кога станува збор за нашиот европски пат? Ништо. Да, заедно со сите други. Ние треба да исполниме европски барања. Ние треба да исполниме договори коишто ги изгласале сите земји-членки на ЕУ, секако вклучувајќи ја и Бугарија, рече тој.

Според него, идентитетот и јазикот не се загрозени, истакнувајќи дека премиерот ги користи како изговор.

-Ќе кажам неколку примери. Прво кажуваше дека со владата на Зоран Заев нема да добиеме датум за преговори, па добивме. Па кажуваше дека јазикот е загрозен со Преспанскиот договор, дека имал некакви фусноти и така натаму, што излезе дека е лага. Па да повторам дека лажеше дека ќе го поништува и не го признава Преспанскиот договор. Како велеше тоа за мене никогаш не е завршена работа, за после да каже тоа е ремек дело на дипломатијата, дека ќе го поништува Договорот за добрососедство со Бугарија, дека не е добар, ќе го враќа уставното име. Сè е лага, само за да се одржи на власт и да продолжи да го прави тоа што го прави, местење тендери, нивни блиски луѓе да земаат пари. Затоа стоиме во место и нема напредок. Тоа е вистината за оваа власт, додаде Филипче.

Тој истакна дека во Преговарачката рамка стои македонски јазик, а бугарскиот Парламент изгласувајќи ја Преговарачката рамка, со тоа го признава македонскиот јазик

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кошта ни порача дека е време за чекор напред
Следна Статија Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Ако воопшто ги има, Филипче да ги објави документите од преговорите за работа во Дубаи

Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на…

December 28, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ 6 : 1 во Петровец, Борче Митевски петти мандат

Кандидатот за градоначалник на општина Петровец, Борче Митевски, прогласи победа во првиот круг. Митевски вечерва го освои својот петти мандат.…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Целата македонска јавност го виде вистинското лице на Апасиев, напиша Мицевски

Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од…

November 21, 2024
ПОЛИТИКА

ЗНАМ: Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува функцијата во работното тело на Собранието

За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија сосема е нејасно на што се темели соопштението од Кабинетот на претседателот на…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?