Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонецот Витанов е во притвор, осомничен е за убиство на сопругата Милена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Македонецот Витанов е во притвор, осомничен е за убиство на сопругата Милена
ХРОНИКА

Македонецот Витанов е во притвор, осомничен е за убиство на сопругата Милена

Објавено May 10, 2026 19:01
Сподели
Сподели

Мажот на 8 мај беше уапсен во италијанскиот град Пјаченца под сомнение дека ја убил својата сопруга, се наоѓа во притвор и во наредните денови ќе биде испрашуван од истражителите.

Станува збор за 59-годишниот Хако Витанов, по потекло од Македонија, кој бил приведен во близина на гробиштата каде е погребан неговиот син Методиј, загинат во сообраќајна несреќа во 2020 година. Според италијанските медиуми, непосредно пред апсењето Витанов се обидел да си нанесе повреди со нож на зглобовите, најверојатно во обид за самоубиство. По укажаната лекарска помош, бил однесен во полициската станица на улицата „Виале Беверора“, а неговиот автомобил, со кој побегнал по убиството, е запленет.

Трагедијата се случила во станот на улицата „Виа Пасторе“, каде што семејството живеело со своите деца. Во моментот на нападот, двете помали деца не биле дома, туку престојувале кај свој чичко, додека третото дете веќе извесен период живее одвоено. Според досегашната реконструкција на настанот, Ацо Витанов со нож ја нападнал сопругата Милена Витанова и ѝ нанел смртоносни повреди. По нападот, наводно го фрлил ножот и ги повикал карабињерите.

Мотивот за злосторството засега не е познат. Соседите и познаниците за семејството велат дека биле тивки и мирни луѓе, без видливи проблеми, но дека тешко ја поднеле смртта на нивниот син пред пет години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година
Следна Статија Танчерки од Русија, Бразил, Србија и Казахстан работеле во Охрид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Раст на сексуалното насилство во ЕУ и Македонија: Кај нас во 2024 имало 131 случај

Сексуалното насилство и силувањата во ЕУ во последните десет години бележат константен раст, достигнувајќи вкупна евидентирана бројка од 256 302…

May 7, 2026
ХРОНИКА

Двајца скопјани полеале кафеана со бензин, па ја запалиле

Полицијата поднесе кривична пријава против И.И.(44) и А.И.(49), двајцата од Скопје, поради тешки дела против општата сигурност и предизвикување општа…

November 20, 2024
ХРОНИКА

Конечната пресуда за двојното убиство на Вања и Панче на 25 јуни

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја изрече конечната пресуда во случајот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска…

June 20, 2025
ХРОНИКА

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, осуден на парична казна од 10.000 евра за несоодветни директорски назначувања

Основниот суд во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко за кривичното дело „несовесно работење во службата“, поради нерегуларности…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?