Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Traveler > Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година
Traveler

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година

Објавено May 10, 2026 18:58
Сподели
Сподели

Според индексот на „Мач бетер адвенчурс“, првото место на листата на најдобри европски дестинации за „соло“ патувања во 2026 година ѝ припадна на Италија. Рангирањето е направено според критериумите за безбедност, пристапноста на оброците и леснотијата за добивање визи.

Според авторите на истражувањето Италија претставува комбинација од врвна гастрономија, развиена железничка мрежа и разновидни природни пејзажи, што ја прави особено привлечна за „соло“ патниците.Во образложението се нагласува дека токму оваа комбинација овозможува лесно движење низ земјата, но и разновидно туристичко искуство.

-Италија нуди исклучително широк спектар на активности. Без разлика дали планинарите на Доломитите, возите велосипед низ маслинови насади во Тоскана или пешачите по крајбрежните патеки во Лигурија, државата нуди ретка комбинација на авантура и култура поради која сакате да ѝ се вратите, изјави дизајнерката на патувања во компанијата „Мач бетер адвенчурс“, Марта Маринели.

Второто место ѝ припадна на Португалија, издвоена поради високото ниво на безбедност и развиената инфраструктура. Меѓу препорачаните дестинации се атлантскиот брег, Азорските Острови, како и рибарските патеки надвор од најпосетените туристички центри како Лисабон и Алгарве. Веднаш по неа се најде Шпанија, а за најпопуларни туристички дестинации се наведуваат кантабрискиот брег, Галиција и регионот Мурсија.

Во останатиот дел од европската ранг-листа следуваат Норвешка, Словачка, Албанија, Исланд, Грција, Словенија и Романија. Норвешка се издвојува по својата безбедност и недопрената природа, додека Албанија е истакната како поволна дестинација поради ниските цени и атрактивното крајбрежје. Листата се завршува со Романија како една од најприфатливите опции за „соло“ патувањата во Европа.

Според соосновачот на компанијата „Мач бетер адвенчурс“, Сем Брус, во последните години се забележува растечки тренд на таканаречените „соло“ патувања со цел. Земајќи го предвид неговото искуство, патниците сè почесто избираат дестинации кои нудат чувство на безбедност и заедница, без да се откажат од авантурата и откривањето на нови простори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина
Следна Статија Македонецот Витанов е во притвор, осомничен е за убиство на сопругата Милена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Младите македонски фудбалери поразени од Италија со 1:0

Со играч помалку, но со гол повеќе, младинската фудбалска репрезентација на Италија ги совлада врсниците од Македонија со 1:0. Натпреварот…

September 10, 2025
Traveler

Турците и Србите најбројни туристи – доаѓаат и Германци и Полјаци

Турците и Србите биле најбројни туристи во Македонија. Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември нè посетиле 32.950…

November 11, 2025
Traveler

Една од најпознатите плажи во Грција затворена за туристи ова лето

Една од најубавите плажи во Грција, популарната Наваџо на островот Закинтос, ќе биде целосно затворена за посетители во текот на…

June 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Во оваа земја од ЕУ најмалку работат

Италијанците работат во просек 32,8 години во текот на својот живот, што е втора најниска вредност во Европската унија по…

August 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?