Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

Објавено May 10, 2026 13:50
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на отворањето на првиот технолошки парк во Македонија — N99 Deep Tech Park, простор кој има за цел да ги поврзе технологијата, иновациите, науката, стартап-заедницата и институциите во заеднички екосистем за развој.

N99 Deep Tech Park е замислен како современ центар за поттикнување на нова технолошка револуција, со фокус на вештачка интелигенција, deep tech, роботика, сајбер безбедност и практична примена на иновациите. Паркот треба да претставува место каде што студентите, истражувачите, претприемачите, компаниите и институциите ќе можат да соработуваат, да развиваат решенија и да создаваат технологии со домашна вредност и глобален потенцијал.

Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека отворањето на ваков простор е значаен чекор за развојот на македонскиот технолошки и иновациски екосистем.

„Во време кога државите се натпреваруваат преку знаење, иновации и технолошки капацитет, создавањето на ваквите простори е многу повеќе од инвестиција во инфраструктура. Тоа е инвестиција во идеи, талент и иднина. Она што особено ме охрабрува е што оваа иницијатива е водена од домашна визија и претприемништво“, порача министерот Андоновски.

Тој нагласи дека ваквите иницијативи се важни за создавање средина во која технолошките компании ќе можат да растат, стартапите ќе можат да се развиваат, а младите и талентирани луѓе ќе добијат можност своите идеи да ги реализираат дома.

Отворањето на N99 Deep Tech Park е дел од пошироката стратешка рамка на Министерството за дигитална трансформација за градење модерна, иновативна и безбедна дигитална држава. Ваквите проекти се во линија со приоритетите на Националната ИКТ стратегија на Министерството за дигитална трансформација — СМАРТ/МК, како и со Стратегијата за сајбер безбедност 2025–2028, преку кои се поставуваат насоките за развој на дигиталната економија, јакнење на технолошките капацитети, поддршка на иновациите и создавање безбедна дигитална средина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ: ВЛЕН се обедини за да пропадне
Следна Статија Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќерката на Ченто: Се гордеам со идеалите на татко ми

Многу малку време имав со мојот татко. Односот татко – ќерка ни беше скратен, ама ги познавав неговата душа, ставови,…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Oва се 22-те нови дестинации од скоппскиот и охридскиот аеродром

Отворени се 22 нови авиолинии што ја поврзуваат Македонија со цела Европа, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Пожар во струмичко Ново Село, огнот се шири и кон црквата „Св. Петар и Павле“

Шумски пожар попладнево изби во атарот на селото Бајаково во струмичко Ново Село, на падините на планината Огражден, информираат од…

July 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Таравари одлучи да се приклучи на блокот на криминалот

Блокот на криминал и минатото и оној на иднината и просперитетот на Македонија се двата блока, кои ќе се спротистават…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?