Обвинителот Дарко Јакимовски денеска ја образложи жалбата на Обвинителството за ослободителната пресуда на Александар Ѓорчевски,татко на убиената Вања. Тој смета дека Александар има вина во грабнувањето на ќерката а како доказ наведе тоа што им кажувал како да се облечат тоа утро.
-Тој ја дал информацијата која не ја знаел никој освен помалата ќерка и сопругата, рече обвинителот.
На ова, адвокатот на Ѓорчевски, ВладимирТуфегџиќ смета дека првичната пресуда на судот е правилна и очекува Апелација тоа да го потврди.
Ѓорчевски на сево ова кратко одговори.
Од оваа позиција во која се наоѓам како заложник немам што дa додадам,по што ја напушти судницата.
