Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од ноќеска, дизелот поевтинува за четири денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од ноќеска, дизелот поевтинува за четири денари
ЕКОНОМИЈА

Од ноќеска, дизелот поевтинува за четири денари

Објавено May 11, 2026 13:34
Сподели
Сподели

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,78 отсто.

 

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 89,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 86,5, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува и останува 85 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 4,5 денари се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 94 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 0,248 денари и ќе биде 49,968 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,444 отсто, кај дизелот за 6,073 и кај екстра лесното масло за 6,495 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,791 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1199 отсто. Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати и додаваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Во најголем дел од бензинските пумпи во земјава дизелот се продава за три, а бензините за два денари пониско од максимално уптврдената цена од РКЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање на отпад во Долно Лисиче,
Следна Статија Само овој голман му има одбрането два пенали на Марадона

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска во Вруток: И покрај предизвиците Мавровскиот систем произведе 28% над планот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети Хидроелектраната Вруток, во рамки на нејзините заложби за редовна…

February 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

Министерството за финансии денеска изврши исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главница и 11,6 милиони евра за…

June 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Очекуваме најмалку десет нови дестинации и преговараме за отворање на нова авиолинија од Будимпешта до Охрид

Преговараме со Визер да ја отвори линијата Будимешта -Охрид. Сметаме дека таа е поатрактивна бидејќи има што да понуди охридското…

May 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Рокот за подигање на ваучери за инвертер клими истекува на 17 април

Процесот на распределба на државните ваучери за набавка и вградување инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика,…

March 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?