Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонците се Македонци, а не Северномакедонци: Муцунски ја коригираше бугарската министерка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонците се Македонци, а не Северномакедонци: Муцунски ја коригираше бугарската министерка
МАКЕДОНИЈА

Македонците се Македонци, а не Северномакедонци: Муцунски ја коригираше бугарската министерка

Објавено May 11, 2026 23:02
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски реагираше на изјавите на неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова, појаснувајќи дека меѓу нив немало официјална билатерална средба за време на денешните активности во Брисел.

„Во однос на изјавата на мојата нова бугарска колешка, би сакал да појаснам дека денес немавме официјална билатерална средба. Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува ‘средба’, тогаш денес навистина имавме многу ‘средби’“, напиша Муцунски на социјалните мрежи.

Неговата реакција следува откако бугарската министерка изјави дека со Муцунски имала „добра прва средба“ и повтори дека Скопје треба да се придржува до договореното со Европската унија во 2022 година, вклучително и уставните измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

Муцунски реагираше и на употребата на терминот „северномакедонски“ од страна на бугарската министерка.

„Би сакал да потсетам дека користењето на терминот ‘северномакедонски’ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ“, истакна тој.

Шефот на македонската дипломатија нагласи дека прецизноста во дипломатската комуникација претставува израз на меѓусебна почит.

„Во дипломатијата, прецизноста не е формалност. Таа е одраз на почит“, порача Муцунски.

Тој додаде дека очекува наскоро да има вистинска средба со бугарската министерка, во, како што наведе, „пријателска и позитивна атмосфера“, насочена кон добрососедски односи и заедничката европска иднина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новата бугарска министерка за надворешни не нарече Северномакедонци
Следна Статија Легендата Шмајхел смета дека голот на Вест Хем не требало да биде поништен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДСЗИ најавува вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и Козле откако почина бебе

Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавува дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и во ЈЗУ УК за…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила

Министерството за внатрешни работи соопшти дека скопската обиколница целосно е пуштена за сообраќај. Од 17:20 часот пуштен е сообраќајот и…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во секое време сум подготвен на разговор за каква било идеја за национално помирување

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА нагласува дека е подготвен во секое време да разговара со кој било…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Попова Шапка најстудено – 5 степени, во Гевгелија најтопло со измерени 7

На Попова Шапка утрово најстудено со измерени – 5 степени Целзиусови, во Гевгелија најтопло со 7 степени. Во Маврови Анови,…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?