Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДСЗИ најавува вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и Козле откако почина бебе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДСЗИ најавува вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и Козле откако почина бебе
МАКЕДОНИЈА

ДСЗИ најавува вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и Козле откако почина бебе

Објавено October 5, 2024 14:56
Сподели
Сподели

Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавува дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Детската Клиника и во ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле, поради тоа што таму почина бебе за кое родителите тврдат дека било одбивано да биде хоспитализирано иако неколку пати го носеле во Детската Клиника.

Од ДСЗИ велат дека надзорот ќе го прават во присуство на докторите.

Со цел да се утврди вистинитоста за евентуалните пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица во здравствените установи како и лекарите кои учествувале во претходното пружање на здравствена заштита. Обезбедената медицинска документација и изјавите на здравствените работници ќе бидат проследени до министерот за здравство и ќе се иницира формирање комисија за стручен надзор, велат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Најавата да ДЗСИ доаѓа откако еано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе. МВР денеска потврди дека има починатот дете, а неговиот татко, според информациите од полицијата, по добиената информација кршел низ болницата.

„Слободен печат” објави дека бебето било неколку пати одбивано за хоспитализација, иако родителите го носеле во болницата. Секогаш било пуштано дома, без да биде хоспитализирано. Гледајќи дека се одбивани за хоспитален третман, родителите го однеле во Клиниката Козле, од каде состојбата му се влошила и дури тогаш било примено во одделението за интензивна нега на Детската Клиника.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВО ЖИВО) Изјава на Мицкоски од ГП Деве Баир
Следна Статија Мицкоски: Од Бугарија се испраќаат различни сигнали, подготвени сме да разговараме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Тројца од осумте амбасадори кои беа повлечени поради автентичното толкување на Законот за надворешни работи според кое тие без целосно…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Берово одбележани 24 години од смртта на бранителите Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски

Во Берово денеска беа одбележани 24 години од смртта на загинатите бранители во воениот конфликт 2001 година. Свежо цвеќе од…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката и научната дејност

Владата најави двојно зголемен буџет за науката и научната дејност во Македонија. Во моментот имаме два огласи кои ги објави…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители

Во изминатата година разбивме 14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше…

July 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?