Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски: СДСМ денес го предводи бугарофилско раководство кое работи спротивно на македонските национални интереси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски: СДСМ денес го предводи бугарофилско раководство кое работи спротивно на македонските национални интереси
ПОЛИТИКА

Димитриевски: СДСМ денес го предводи бугарофилско раководство кое работи спротивно на македонските национални интереси

Објавено May 13, 2026 09:58
Сподели
Сподели

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во Дневникот на Сител ТВ порача дека Македонија мора да го продолжи европскиот пат, но без откажување од сопствениот идентитет, историја и национално достоинство.

Тој оцени дека континуираниот притисок за уставни измени од страна на актуелното раководство на СДСМ претставува продолжение на, како што рече, бугарофилската агенда која започнала со политиките на претходната власт.

„Таа агенда започна со политиките на Заев, со она фамозно интервју на БГНЕС, каде што не изедначи и во јазикот и во нацијата. Дополнително следуваше изјавата на поранешниот претседател на државата Пендаровски, кој што рече дека Гоце Делчев е Бугарин, и на тоа следуваше потпишување на фамозниот француски договор и целосна капитулација на нашата дипломатија предводена од Ковачевски, за да денеска го гледате истиот Венко Филипче кој што во континуитет инсистира на уставни измени, а сето тоа го потврдува на крајот и неговиот член на централниот одбор, Рубин Земун, кој што вели дека Гоце Делчев нема никаква улога во историјата на Македонија и го минимизира ликот и делото на еден од нашите најголеми револуционери во нашата понова историја” – посочи Димитриевски.

Тој додаде дека денешното инсистирање на уставни измени од страна на раководството на СДСМ само го потврдува, како што рече, континуитетот на таквата политика.

„Со право можам да кажам дека Социјалдемократскиот сојуз, некогашната државотворна партија, денеска во континуитет осум години наназад е предводен од крајно бугарофилско раководство кое работи за туѓи, а не за македонски интереси“ – истакна Димитриевски.

Според Димитриевски, Движењето ЗНАМ останува цврсто на ставот дека Македонија може да биде дел од Европската Унија единствено како достоинствена држава на македонскиот народ и на сите нејзини граѓани, со зачуван историски и национален континуитет.

„Нашата цел е да го сочуваме она што е декларирано во АСНОМ и темелено врз Крушевскиот манифест. Ние можеме да бидеме дел од Европската Унија само како Македонци, а не со негирање на сопствениот идентитет“ – порача претседателот на ЗНАМ.

Дополнително нагласи дека Декларацијата на ЗНАМ со црвени линии за националните прашања останува отворена за сите политички субјекти и претставува основа за обединување околу државните интереси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Казината оддалечени најмалку 500 метри од училишта, нема апарати во обложувалниците, ограничувања за рекламите
Следна Статија Екс министерот за земјоделство Љупчо Николовски повикан во СВР Скопје на службен разговор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

НСДП вчера во Скопје одржа седница на Централниот одбор на која беа разгледани активностите на партијата кои се преземаат во…

May 19, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Не вреди да му се посветува толку внимание на Али Ахмети и неговите изјави

Ако тоа не го каже Али Ахмети, по што друго би останал впечатлив пред почетокот на кампањата? Праша претседателот на…

September 25, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Од градоначалник се бара акција и решенија и јас тоа го правам, за сите проблеми на граѓаните

Во недела граѓаните ќе кажат какво Куманово сакаат и кој да го води во следните четири години, рече кандидатот за…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Вреди: НАИ повеќе не постои

Она што денес се случува на албанската политичка сцена не е оставка, туку е колапс. Тоа е колапс на зграда…

November 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?