Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И машко дете го пријавило штипскиот наставник-педофил
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > И машко дете го пријавило штипскиот наставник-педофил
ХРОНИКА

И машко дете го пријавило штипскиот наставник-педофил

Објавено May 13, 2026 19:24
Сподели
Сподели

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип во понеделникот во 19:50 часот го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички.

Настанот во полициска станица, како што се посочува, го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Штип.

Според информациите на штипската „ТВ Стар“, станува збор за пензиониран наставник по математика, а го пријавило девојче од 4-то одделение кое посетувало дополнителна настава во приватно училиште. Подоцна пристигнале и други пријави од други девојчиња и родители, а на списокот, според информациите на штипската телевизија, злоупотребувано било и машко дете, чии родтители вчера пријавиле во полиција.

Со судска наредба извршени се претреси во неговиот дом и во образовниот центар и одземени се предмети за понатамошна постапка.А.Ш. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор од 30 дена, стои во соопштението од МВР.

Денеска, пак, Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија врз три девојчиња кои не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело од член 188 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Последователно, од септември 2023 година до 11 мај 2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на возраст од 13, 11 и 10 години им држел дополнителни часови во образовен центар и им се приближувал и ги допирал по телото, соопшти Основното јавно обвинителство.

Јавниот обвинител, како што е наведено, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АХВ: Заловеното животно во Козле е волк, млад и неухранет
Следна Статија ВНИМАВАЈТЕ: Има измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница

По четврти пат се одложи повтореното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако такво решение донесе Апелацискиот суд Гостивар…

January 15, 2025
ХРОНИКА

Извлечени три тела од автомобилот кој излета во Вардар

Автомобилот кој попладнево излета во водите на Вардар во близина на Рашче е извлечен од реката. -Од возилото се извадени…

January 2, 2025
ХРОНИКА

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак Југослав Николовски

Основниот кривичен суд Скопје го одложи денешното судско рочиште против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули, годинава…

November 12, 2025
ХРОНИКА

Пронајдениот труп во Штип е на Славе Димитриевски, штипјанец по кој се трагаше шест месеци

Телото на исчезнатиот Штипјанец Славе Димитриевски (86), по кого се трагаше од 14 август 2024, е пронајдениот труп при ископ…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?