Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Милка“ ги измамила потрошувачите, пресуди судот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Милка“ ги измамила потрошувачите, пресуди судот
ЗАБАВА

„Милка“ ги измамила потрошувачите, пресуди судот

Објавено May 13, 2026 20:20
Сподели
Сподели

Регионалниот суд во германскиот град Бремен денеска донесе пресуда против кондиторскиот гигант „Монделез интернационал“ (Mondelēz International), откако утврди дека компанијата ги довела во заблуда потрошувачите со намалување на грамажата на популарното чоколадо „Милка“, без притоа да ја промени амбалажата.

Во образложението на пресудата се наведува дека препознатливиот изглед на пакувањето кај купувачите создава очекување за одредена количина производ, додека потрошувачите лесно можат да ги превидат ситно испечатените податоци за грамажата, кои на полиците во продавниците честопати се покриени со рабовите на рафтовите.

Анализата покажала дека новата табла „Милка“ во пакувањето станала потенка за само еден милиметар. Визуелно, пакувањето останало идентично со претходното, што судот го оцени како свесно користење на ефектот на препознатливост за да се прикрие реалната промена на содржината.

Судската постапка ја покрена Здружението на потрошувачи од Хамбург, откако „Монделез“ минатата година ја намали тежината на стандардните табли чоколадо од 100 на 90 грама, додека малопродажната цена истовремено порасна од 1,49 на 1,99 евра, објави „Шпигел“. Клучниот проблем не бил само намалувањето на количината, туку и фактот што пакувањето останало со иста големина и дизајн, се наведува на интернет-страницата на здружението.

Пресудата сè уште не е правосилна, но се очекува да има влијание врз прехранбената индустрија во Европа, каде што во последните години сè почести се поплаките за т.н. „шринкфлација“ — практика на намалување на количината на производот со задржување или зголемување на цената. Здруженијата на потрошувачи бараат секој производ чија грамажа е намалена да има јасно истакнато известување на пакувањето во период од најмалку шест месеци, како и големината на амбалажата да се намалува паралелно со намалувањето на содржината.

Од „Монделез“ ги отфрлаат обвинувањата и наведуваат дека новата тежина е јасно означена на пакувањето, како и дека потрошувачите биле информирани за промените преку официјалната интернет-страница и социјалните мрежи. Компанијата како причина ги наведува зголемените трошоци во синџирот на снабдување, вклучително и поскапувањето на суровините.

Чоколадото во последните неколку години значително поскапе на европскиот пазар поради проблемите во производството на какао во Западна Африка, каде што неповолните временски услови и болестите кај растенијата ги намалија приносите. Според податоците на статистичките институции, цената на чоколадото во просек е значително повисока отколку во 2020 година, што влијаело и врз потрошувачките навики.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВНИМАВАЈТЕ: Има измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Почина нобеловецот Марио Варгас Љоса

Марио Варгас Љоса, перуански романсиер, новинар, есеист, професор на повеќе универзитети и добитник на Нобеловата награда, почина на 89-годишна возраст.…

April 14, 2025
ЗАБАВА

Тоше Проески се појавува во филм со Џорџ Клуни и со Никол Кидман (ВИДЕО)

На социјалната мрежа ТикТок овие денови кружи едно навистина ретко и вредно видео поврзано со Тоше Проески – момче чиј…

September 10, 2025
ЗАБАВА

В недела се отвора муралот „Бушава азбука“ во Дебар Маало

По повод 40 години од првото емитување на легендарната „Бушава азбука“. Со откривање на муралот на 31 август (недела) во 10:30 часот во Дебар Маало, Скопје, ја…

August 28, 2025
ЗАБАВА

Еве какви се цените во Ситонија на почетокот на јуни

Ситонија е меѓу најпопуларните дестинации на Maкедонците кои ја избираат Грција за одмор, а Никити е местото каде има најмногу…

June 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?